Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
15:11 1.3.2022

Кремљ: Русија нема да попушти под притисокот на санкциите

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Западните санкции никогаш нема да ја принудат Русија да го промени својот став кон Украина, соопшти денеска Кремљ, пренесува Ројтерс. Одговарајќи на серијата западни санкции поради руската инвазија на Украина, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави: „Тие сметаат дека ќе не принудат да ја смениме нашата позиција. Тоа не доаѓа предвид“.

15:53 1.3.2022

17:15 1.3.2022

Над 600 000 бегалци излегле од Украина, еден милион се внатрешно раселени

Според податоците на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) над 660.000 бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија што почна на 24 февруари. Проценките се дека уште еден милион луѓе се внатрешно раселени додека беснеат борби во многу области низ земјата.

17:26 1.3.2022

Блинкен предупредува на раст на руските „злосторства“ во Украина

Eнтони Блинкен, државен секретар на САД
Eнтони Блинкен, државен секретар на САД

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен предложи Обединетите Нации да размислат дали на Русија треба да и се одземе членството во Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) бидејќи руските „злосторства“ од нејзината инвазија на Украина растат „од час во час“.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG