Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
17:28 1.3.2022

Погодена телевизиска кула во Киев

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Херашченко изјави дека Русија ја погодила ТВ кулата во Киев, пренесува Ројтерс. Според Херашченко, нападот има потенцијал да го наруши преносот. Локалната телевизија 1+1 информираше дека ќе се работи на враќање на изгубениот сигнал.

18:30 1.3.2022

ЕП изгласа резолуција со која се повикува Унијата да и одобри кандидатски статус на Украина

Европратеници со транспаренти во боите на украинското знаме
Европратеници со транспаренти во боите на украинското знаме

Европскиот парламент усвои резолуција со која ги повикува европските институции да го одобрат кандидатскиот статус за Украина. За резолуцијата гласаа 637 пратеници, 13 беа против, а 26 воздржани. Во пресрет на гласањето се одржа емотивна дебата, а неколку пратеници беа облечени во боите на украинското знаме.

18:38 1.3.2022

Кремљ почна „прецизен“ напад, рускиот конвој е пред Киев

Илустрација
Илустрација

Руските сили погодија телевизиска кула во Киев, попречувајќи го сигналот на неколку украински телевизии. Претходно руското министерство за одбрана предупреди дека „почнува прецизен напад на цели во Киев“ и ги повика жителите од целните области да ги напуштат своите домови. Во меѓувреме масивниот конвој од руски трупи е се поблиску до украинскиот главен град.

20:04 1.3.2022

Руски православни свештеници повикуваат на прекин на војната во Украина

Илустративна фотографија
Илустративна фотографија

Преку отворено писмо шеесетина руски православни свештеници повикаа на итно запирање на војната во Украина. Во писмото се наведува дека свештениците „ја почитуваат слободата на која било личност дадена од Бога“, како и дека народот на Украина „мора да го направи својот избор сам, а не со пушки и притисок од Западот или Истокот“.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG