Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
14:01 1.3.2022

Србија ќе се приклучи на одлуките на ОН за Украина, но не и на санкциите за Русија

Српскиот претседател Александар Вучиќ
Српскиот претседател Александар Вучиќ

Србија ќе се приклучи на сите одлуки на Генералното собрание на ОН кои се однесуваат на нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина, но не и на санкциите против Русија, изјави денеска претседателот на земјата, Александар Вучиќ.

14:04 1.3.2022

Отпор на украински цивили против руските војници

Украински цивили им пружаат мирен отпор на руските сили кои ги окупираат нивните градови. Некаде протести, некаде отпор на други начини.

14:09 1.3.2022

Одбраната на Киев приоритет за Зеленски

Масивен руски конвој кон украинскиот главен град Киев. Руските сили го гранатирале центарот на Харков, вториот по големина град во Украина. Во напад на воена база во градот Охтирка, во регионот Суми загинале 70 украински војници.

14:11 1.3.2022

Зеленски до ЕУ: Докажете дека сте со нас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги предизвика европските пратеници да „докажат“ дека стојат со Украина. Говорејќи пред Европскиот парламент еден ден откако Украина поднесе официјално барање за пристапување во Европската унија, Зеленски рече дека неговата земја ја докажала својата сила во шестдневниот отпор на неиспровоцираната инвазија на Русија.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG