Петровска: Нема да има одлука за испраќање наши војници во Украина
Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има, рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа вели дека Северна Македонија е членка на НАТО и земјава ќе ги почитува и спроведува сите одлуки кои се носат во рамки на Алијансата, затоа што сме е и составен дел од процесот на носењето на тие одлуки.
Десетици загинати цивили при интензивното гранатирање на Харков
Украинскиот министер за внатрешни работи соопшти дека десетици цивил загинале при жестокото гранатирање на вториот по големина град во Украина, Харков. Аналитичарот Руслан Левиев изјави за РСЕ, дека руските сили ги интензивирале гранатирањата бидејќи копнената офанзива им е во застој
Масивен руски конвој во близина на Киев
Сателитски снимки од Maxar Technologies покажуваат конвој на руски воени возила и артилерија во должина од 60-тина километри и веќе е близу до Киев. Украинците проценуваат дека се подготвува голем напад врз главниот град.
Македонското семејство со новороденче го напуштило Харков
Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека семејството Спирковски со новороденче кое има само неколку дена и кое било во најтешка состојба го напуштило Харков и е дел од посебен безбедносен коридор. „Тие со на безбедно и се во добра состојба“, информираше Османи.