Најмалку 70 украински војници загинале во Охтирка
Најмалку 70 украински војници загинале кога руски војници гранатирале воена база во градот Охтирка, кој се наоѓа меѓу Харков и Киев, соопшти денеска шефот на регионот Суми, Дмитро Живицки. Градоначалникот на Херсон, Ихор Колихаев на Фејсбук напиша дека руската војска поставува контролни пунктови на влезовите во градот.
Собрание - Декларација за суверенитетот и интегритетот на Украина
Декларација за поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина денеска ќе се најде на собраниската Комисија за надворешна политика, а поголемите партии како СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе најавија поддршка за документот поднесен од страна на ЛДП.
Дипломати го бојкотирале говорот на Лавров на Советот за човекови права
Неколку дипломати, меѓу нив оние од САД, Обединетото Кралство и ЕУ, ја напуштија седницата на Советот за човекови права на Обединетите нации, кога рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров преку видео врска започна говор. Тие ја напуштија седницата во знак на протест против инвазијата на Москва на Украина.
Меѓународни забрани за рускиот спорт и забава
Рускиот спорт и забава продолжуваат да ги чувствуваат последиците од глобалното противење на руската инвазија врз Украина, поради тоа што се зголемува бројот на забранети руски спортски тимови и изведувачи и се откажуваат настани.