Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
09:57 1.3.2022

Османи: Македонско семејство со бебе старо пет дена ќе се извлекува од Харков

Македонските власти во соработка со партнерите се обидуваат да евакуираат семејство на македонски државјани во Харков, Украина со бебе од пет дена, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите.

10:24 1.3.2022

Бешлиев: Кризата ќе удри на земјоделско-прехранбениот и фармацевтскиот сектор

Состојбите поврзани со руско украинската криза се менуваат како во лош филм и сосема станува извесно дека сето тоа сигурно ќе има силно влијание врз македонската економија, а најголеми штети ќе претрпат земјоделско-прехранбената и фармацевтската индустрија, бидејќи тие учествуваат со најголем обем во трговската размена со Русија, вели за МИА извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев.

10:52 1.3.2022

РТ и Спутник блокирани и на Јутуб

Гугл Европа соопшти дека ги блокира каналите на Јутуб поврзани со руските прокремљовски медиуми РТ (Раша тудеј) и Спутник за време на руската инвазија врз Украина. Гугл, кој е сопственик на Јутуб, денеска соопшти дека потегот стапува на сила веднаш, иако ќе биде потребно време за системите целосно да проработат.

10:58 1.3.2022

Колку Македонија е подготвена за примање бегалци од Украина

Илустрација - Дете во привремен бегалски камп во Полска за бегалците од Украина
Илустрација - Дете во привремен бегалски камп во Полска за бегалците од Украина

Над половина милион бегалци ја напуштија Украина поради руската инвазија во земјата. Македонските граѓани нудат помош, а меѓународните институции смируваат дека земјава има искуство со бегалски бранови. Засега нема конкретни најави за пристигнување на украински бегалци во земјава.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG