Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
21:35 28.2.2022

Претседателите на осум членки на ЕУ побараа итни разговори за членство на Украина

Володомир Зеленски
Володомир Зеленски

Претседателите на осум држави од централна и источна Европа во понеделникот ги повикаа земјите-членки на Европската унија веднаш да ѝ дадат на Украина статус на земја-кандидат за членство во ЕУ и да започнат преговори за членство се наведува во отвореното писмо објавено во понеделникот, јавува агенцијата Ројтерс.

08:35 1.3.2022

Зеленски ја обвини Русија за воени злосторства

Украинскиот претседател Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија на 28 февруари истрелала ракета на градот Харков, истакнувајќи дека тоа е очигледно воено злосторство.
„Харков е мирен град, без воени објекти. Десетици снимки од очевидци докажуваат дека не се работи за еден проектил, туку за намерно уништување на луѓе“, рече Зеленски во обраќање во понеделникот вечерта, на 28 февруари.

08:37 1.3.2022

Руски воен конвој се распоредува пред Киев

Сателитска снимка над Иванкив покажува руски воен конвој кој минува низ села, северозападно од Киев, Украина, 28 февруари 2022 година.
Сателитска снимка над Иванкив покажува руски воен конвој кој минува низ села, северозападно од Киев, Украина, 28 февруари 2022 година.

Руската армија денеска поставила контролни пунктови на периферијата на јужниот украински град Херсон, а голем воен конвој се собира пред Киев, се информациите кои пристигнуваат на шестиот ден од почетокот на руската војна во Украина.

09:43 1.3.2022

Зошто Украина не е членка на НАТО?

Илустрација
Илустрација

Рускиот претседател Владимир Путин повика НАТО да не се шири во Украина или која било друга поранешна советска република, изразувајќи загриженост поради воената и политичката алијанса формирана како противтежа на поранешниот Советски Сојуз. Зошто? Се поставува и прашањето зошто Украина не е во НАТО?

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG