Пад на руската рубља по строгите санкции на Г7 кон Русија
Националната валута на Русија падна за речиси една четвртина што е рекордно ниско ниво, откако Групата Г7 воведе остри финансиски санкции за да го казни претседателот Владимир Путин за неговата инвазија врз Украина.
Според Блумберг, рубљата денеска падна на 114 за еден американски долар, а изнесуваше 83,7 на крајот на минатата недела.
Фотогалерија: Протести за поддршка на Украина во светот
Зеленски ја повика ЕУ веднаш да ѝ додели на Украина членство во ЕУ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија земја се соочува со масовна неиспровоцирана инвазија од соседна Русија, ја повика Европската унија веднаш да ѝ даде членство на Украина по посебна процедура.
„Нашата цел е да бидеме со сите Европејци и што е најважно, да бидеме еднакви. Сигурен сум дека тоа е фер. Сигурен сум дека го заслужуваме тоа“, рече тој во видео говор споделен на социјалните мрежи.
ОН - Ескалацијата на руската инвазија врз Украина предизвикува зголемување на кршењето на човековите права
Шефот на Обединетите нации (ОН) вели дека интензивирањето на руската воена инвазија на Украина довело до зголемување на кршењето на човековите права, додека Москва го спроведува својот неиспровоциран напад врз земјата.