Дали Путиновиот аларм го менува ризикот од нуклеарна војна?
Инсинуираната закана на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина ќе се претвори во поширок нуклеарен конфликт го става американскиот претседател Џо Бајден пред избори кои ретко се разгледуваат во атомската ера, вклучително и дали да се подигне нивото на подготвеност на американските нуклеарни сили.
Украинска делегација пристигна на разговори со Русија
Украинска делегација пристигна на границата со Белорусија на разговори со руски претставници, додека Москва се соочува со влијанието на построгите економски санкции воведени од Западот, поради нејзината неиспровоцирана инвазија на Украина.
Украинската делегација, меѓу другите, е составена од министерот за одбрана Олексеј Резников и претседателскиот советник Михајло Подољак, соопшти денеска кабинетот на претседателот.
Руски јавни личности во егзил создадоа антивоен комитет
Група познати руски јавни личности кои се во егзил создадоа Антивоен комитет за да ги повикаат на одговорност рускиот претседател Владимир Путин и другите руски функционери кои минатата недела започнаа „братоубиствена војна“ против Украина.
Поранешниот руски тајкун - опозицискиот политичар Михаил Ходорковски го објави создавањето на групата во која, меѓу другите, се и поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, рускиот опозициски активист Владимир Кара-Мурза, прогонетиот поранешен руски пратеник Дмитриј Гудков и водечкиот руски економист Сергеј Гулиев.
Украина и Русија и исток и запад - вие коментирате
Коментарите на социјалните мрежи ја покажуваат поделноста на македонската публика во подршката и осудата за Русија и Украина.