Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
08:14 26.2.2022

Зеленски: Украина нема да ѝ се предаде на Русија

Принтскрин од видеото со обраќањето на Зеленски, 26 февруари 2022
Принтскрин од видеото со обраќањето на Зеленски, 26 февруари 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео пред неговата канцеларија во Киев, во кое вели дека армијата „нема да го остави оружјето“.

„Добро утро до сите Украинци! Во последно време на Интернет имаше многу лажни информации дека ја повикувам нашата армија да го остави оружјето и да се евакуира. Слушајте, јас сум тука. Нема да го положиме оружјето. Ќе ја браниме нашата држава“, вели Зеленски во видеото.

08:32 26.2.2022

Гранатирање и улични борби во Киев

Фотографија од станбена зграда погодена при ракетирањето во Киев, 26 февруари 2022
Фотографија од станбена зграда погодена при ракетирањето во Киев, 26 февруари 2022

Гранатирање се слушнало во центарот на Киев во саботата наутро, јави дописникот на Ројтерс, по извештаите за пукотници во истата област и напад на воена база во главниот град на Украина. Утрово, 26 февруари, во Киев има и улични борби, поради што властите во главниот град на жителите им се советува да останат во засолништа, да избегнуваат приближување до прозорците или балконите и да преземаат мерки на претпазливост за да не бидат погодени од шрапнели или куршуми.

09:17 26.2.2022

Фејсбук ги забрани рекламите на руските државни медиуми

Објавата на шефот на безбедносниот протокол на Фејсбук, Натаниел Глејхер, на Твитер, за забрана на рекламите на руските државни медиуми
Објавата на шефот на безбедносниот протокол на Фејсбук, Натаниел Глејхер, на Твитер, за забрана на рекламите на руските државни медиуми

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми да се рекламираат на оваа американска социјална мрежа, изјави шефот на безбедносниот протокол на Фејсбук, Натаниел Глејхер. „На руските државни медиуми им забрануваме да објавуваат реклами или да заработуваат со помош на нашата платформа, каде било во светот“, објави тој на Твитер.

10:07 26.2.2022

Руски ракетни напади, Зеленски вели „нема предавање“, се договараат преговори

Украински полицаец, војник и цивили на улица за време на последните напади во Киев
Украински полицаец, војник и цивили на улица за време на последните напади во Киев

Според Интерфакс, Москва извршила напади со крстосувачки ракети и артилерија врз неколку градови, меѓу кои и Киев. Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека „Украина нема да ѝ се предаде на Русија“, а неговиот портпарол дека се договараат време и место за преговори со Москва

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG