Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
20:13 25.2.2022

Лидерите на НАТО се согласија за делумно распоредување на силите за одговор во источните земји-членки

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека Алијансата ќе распореди дел од своите борбени сили за одговор во источните земји-членки по руската инвазија врз Украина.

Столтенберг не кажа колку војници од силите за одговор на НАТО ќе бидат распоредени, но рече дека се работи за „илјадници“ и потврди дека се работи за копнени, морски и воздухопловни сили.

20:57 25.2.2022

ОН – Над 50 илјади Украинци избегале од земјата за помалку од 48 часа

Бегалци од Украина на границата со Романија
Бегалци од Украина на границата со Романија

Над 50 илјади Украинци избегале од својата земја за помалку од 48 часа од почетокот на руската инвазија, соопшти денеска шефот на агенцијата за бегалци на ОН Филипо Гранди.

21:14 25.2.2022

Папата во Твитер-порака на руски: Секоја војна е срамна капитулација

Папата Франциск
Папата Франциск

Секоја војна е срамна капитулација, напиша денеска Папата Франциск по повод руската инвазија врз Украина во Твитер порака на повеќе јазици, вклучително и на руски.

07:34 26.2.2022

САД разговараат со Индија за нејзиниот став за Украина

Илустрација - Архивска фотографија од индискиот премиер Нарендра Моди во американскиот Конгрес 2016
Илустрација - Архивска фотографија од индискиот премиер Нарендра Моди во американскиот Конгрес 2016

Соединетите Држави разговараат со Индија за нејзината позиција за руската инвазија на Украина, изјави доцна синоќа портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, бидејќи Њу Делхи допрва треба јасно да се изјасни за нападот на руските сили. Во четвртокот, на прашањето на новинарите за позицијата на Њу Делхи, претседателот Џо Бајден призна: „Тоа не го решивме целосно“, објави АФП.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG