Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
12:57 4.3.2022

Бегството на Вероника и Стефан од Одеса до Скопје

Стефан и Вероника во Скопје
Стефан и Вероника во Скопје

Стефан е Македонец, а Вероника Русинка половина од животот го минала во Украина. Се запознале преку социјалните мрежи, а Одеса неколку месеци била нивен дом. Но руската инвазија ги натера на бегство. Два дена траело нивното патешествие од Одеса до Скопје.

12:55 4.3.2022

ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина

Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХЦР) изгласа резолуција со која силно се осудува кршењето на човековите права за време на руските воени дејствија во Украина и се формира истражна комисија која ќе ги истражи наводите. На гласањето на 4-ти март 32 членови гласаа за, а 13 беа воздржани. Само Русија и Еритреја гласаа против од вкупно 47-членови.

12:17 4.3.2022

НАТО не сака конфликт, но ќе ја брани секоја педа од својата територија

Ентони Блинкен и Јенс Столтенберг
Ентони Блинкен и Јенс Столтенберг

По нападот на руските сили врз украинската нуклеарка Запорожја, шефот на НАТО, Јенс Столтенберг и државниот сектерат на САД Ентони Блинкен, заедно дадоа изјави. Столтенберг побара повлекување на руските трупи, а Блинкен рече дека НАТО не е за конфликт, но дека ќе ја брани својата територија.

12:12 4.3.2022

Руска компанија прекина снабдување со гас на Германија

Илустрација
Илустрација

Снабдувањето со гас преку рускиот гасовод „Јамал-Европа “ од Русија кон Германија денеска беше стопирано. Понудите на „Гаспром“ за дополнителен транзитен капацитет преку Украина се на високо ниво, покажуваат податоците од операторите на гасоводот. Протоците на гас кон Германија преку мерното место Малноу утрово беа околу 101.119 киловати на час, додека синоќа тие изнесуваа околу 13,5 милиони киловати на час.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG