Нафтата и гасот „рипнаа“, европските берзи во пад по ескалација на воениот конфликт
Руското преземање на контрола врз нуклеарната централа во Украина ги бутна цените на акциите на светските берзи. Македонската берза, пак вчера, покажа благо стабилизирање по првичниот шок од воениот конфликт.
До 15 години затвор за лажни вести и дискредитирање на руската војска
Руската Државна дума денеска едногласно ги усвои измените на Кривичниот законик, според кои за изнесување лажни информации за дејствата на Војската на Русија и воените операции и дискредитацијата на војската е предвидена казна до 15 години затвор. Овие измени се носат во ек на руската инвазија врз Украина, кога Москва ги задушува медиумите и им се заканува на новинарите кои известуваат за жестокиот отпор од украинските сили и покрај големата руска воена надмоќ.
Русија го ограничи пристапот до РСЕ, Би-Би-Си и Дојче веле и социјалните мрежи
Рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор денеска соопшти дека го „ограничил“ пристапот до веб-страниците на независните медиуми, бидејќи властите ги продолжиле очигледните напори да спречат пристап до надворешните информации на руските говорници во услови на тековната инвазија на Украина. Повеќето веб-страници на Радио Слободна Европа, Би-Би-Си и Дојче веле на руски јазик заедно со Фејсбук, Твитер и он-лајн продавниците за апликации на Епл и Гугл беа блокирани синоќа.
Руските сили ја зазедоа украинската нуклеарна централа по изгаснатиот пожар
Локалните власти во Запорожје соопштија дека руските сили ја зазеле локалната нуклеарна централа неколку часа откако се запалила поради едночасовното гранатирање на врз објектот во текот на ноќта од страна на руските воени сили.