Повици за прекин на огнот пред втората рунда преговори меѓу Украина и Русија
Втората рунда разговори со цел да се стави крај на борбите треба да се одржи во западниот белоруски регион Брест, но мали се очекувањата за позитивен исход. Зеленски повика на прекин на огнот. Лавров тврди дека западните, а не руските политичари се тие кои размислуваат за нуклеарна војна.
Османи: Никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на нивната влада
Македонското семејство со новороденчето кое беше заглавено во Украина пристигна безбедно во земјава. Уште седум наши граѓани се евакуираат од Украина, а последните бројки говорат дека уште 77 македонски државјани со нив и членови на семејства кои се Украинци, се уште чекаат да бидат извлечени од таму, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи за ТВ24 и додаде дека никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на нивната влада.
Обединетото Кралство ја обвини Русија за употреба на опасни „вакуумски бомби“ во Украина
Обединетото Кралство ја обвини Русија дека распоредува системи за термобарично оружје во Украина, што ги зголемува стравувањата дека би можело да дојде до ескалација на состојбата, бидејќи Москва продолжува да го интензивира нападот врз големите градови и по една недела од инвазијата на нејзиниот сосед.
Орбан: Унгарија нема да стави вето на санкциите на ЕУ за Русија
Унгарија нема да стави вето на санкциите на Европската унија кон Русија, а единството на 27-члениот блок е најважно со оглед на војната во Украина, која Унгарија недвосмислено ја осудува, изјави денска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан, кој е остро критикуван од унгарската опозиција поради пријателските врски со Русија, го истакна, како што рече, прилагодувањето на односите поради војната, но додаде дека тоа не треба да влијае на енергетските договори.