Зеленски: Одбраната се држи - Лавров: Не толерираме закана наредена од САД
Одбранбените линии на Украина се одржуваат, но руското гранатирање на градовите не престана од полноќ, рече претседателот Володимир Зеленски во новото видео обраќање денеска. Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, повтори дека Москва не може да ја толерира воената закана од Украина, за која рече дека добила наредба од Вашингтон, пренесува Ројтерс.
УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина се зголеми на еден милион
Еден милион луѓе избегаа од Украина во соседните земји од почетокот на руската инвазија, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. „За само седум дена, бевме сведоци на егзодусот на милион луѓе од Украина во соседните земји“, напиша шефот на УНХЦР на Твитер.
Про-руски собир во Подгорица
Пред паралментот во Подгорица, Црна Гора, се одржа протест за подршка на Русија. Меѓу присутните имаше приврзаници и на четнички организации, како и на „Ноќните волци“. Протестот помина мирно и без инциденти. Сличен протест се одржа пред два дена и во Никшиќ.
Технолошките џинови во информациската војна на Западот и Русија
Додека руските ракети паѓаат врз украинските градови, платформите на големите технолошки компании се претворени во боишта во паралелна информативна војна меѓу Западот и Русија во екот на геополитичката битка за влијание, пишуваат светските медиуми.