Пад на руската рубља по строгите санкции на Г7 кон Русија
Националната валута на Русија падна за речиси една четвртина што е рекордно ниско ниво, откако Групата Г7 воведе остри финансиски санкции за да го казни претседателот Владимир Путин за неговата инвазија врз Украина.
Според Блумберг, рубљата денеска падна на 114 за еден американски долар, а изнесуваше 83,7 на крајот на минатата недела.
ЕУ и Г7 ќе ги блокираат трансакциите на Централната банка на Русија
Министрите за надворешни работи на Европската Унија синоќа се договориле, со согласност на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), да ги блокираат трансакциите на руската Централна банка, соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
ФИФА забрани меѓународни фудбалски натпревари во Русија
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука дека на територијата на Русија нема да има меѓународни фудбалски натпревари, а руската репрезентација своите натпревари да ги игра на неутрален терен без гледачи, поради руската инвазија врз Украина. Во соопштението се вели дека Русија ќе биде исклучена од ФИФА доколку ситуацијата не се поправи наскоро.
И Албанија го затвори воздушниот простор за руски авиони
Албанија од синоќа го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, информира министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Според неа, од тоа се изземаат оние летови кои се за хуманитарни или медицински цели или меѓудржавни потреби.