Путин: Русија е подготвена за преговори со Украина
Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот кинески колега Си Џинпинг во петокот во телефонски разговор дека Русија е подготвена на разговори со Украина, јави кинеската државна телевизија CCTV, пренесува Ројтерс.
ЕУ ги замрзнаува средствата на Путин и Лавров
Европската унија ги замрзнува финансиските средства на рускиот претседател Владимир Путин и на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, дознава РСЕ од дипломатски извори во Брисел. Таквата одлука е донесена на состанокот на амбасадорите на државите членки на ЕУ. Тие денеска формално треба да го одобрат вториот пакет санкции за Русија.
Загрепчани во паника повлекуваат пари од руската Сбербанк
Редици Загрепчани чекаат пред филијалата на една од двете најголеми руски банки Сбербанк во Загреб, по санкциите што ЕУ и САД ги воведоа против Русија, како одговор на воените операции во Украина, пишува хрватскиот портал Дневник. Загрепчани во страв ги повлекуваат своите заштеди, а за да се спречи паничното подигнување пари, за денеска е најавена прес-конференција во хрватското Министерство за финансии.
Хаџи Јанев: Инвазијата на Русија сериозна закана за Европа
Директни ефекти, безбедносни во прв бран не очекувам да има, но очекувам дека ќе има сериозни економски ефекти врз Балканот, вели професорот Методи Хаџи Јанев кој предава на воената академија Генерал Михаило Апостолски во Скопје, на Правниот факултет во Штип и на Државниот универзитет во Аризона, одговарајќи на прашање за ефектот од нападот врз Украина во балканскиот регион. Тој додава дека инвазијата на Русија врз Украина е сериозна закана за Европа.