Речиси 26 илјади бегалци од Украина заминале за Молдавија и Романија
Молдавија соопшти дека примила речиси 16 илјади украински бегалци од почетокот на руската инвазија на Украина. Министерката за внатрешни работи Ана Ревенко денеска соопшти дека нешто повеќе од 15 илјади украински граѓани ја преминале границата со Молдавија во последните 24 часа. Таа додаде дека многумина сакаат да продолжат во ЕУ, но најмалку 100 побарале азил во Молдавија.
Жителите на Киев во засолништа бараат спас од рускиот напад
Експлозии, колони автомобили, страв и неверување. Во првите часови од руската инвазија врз Украина некои луѓе побрза да наполнат гориво за да можат да заминат, а други бараа засолниште во подземните метро станици со надеж дека нема да останат долго.
ЕУ најави трет пакет санкции за Русија
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел потврди дека Европската унија подготвува нов пакет санкции кон Русија. „Вториот пакет санкции со големи и тешки последици е договорен синоќа. Третиот пакет итно се подготвува“, напиша Мишел на Твитер.
Османи: Нашите дипломати во Киев се во скривница, се обидуваме да ги евакуираме
Македонскиот амбасадор во Украина, уште еден дипломат во Киев заедно со уште двајца други наши граѓани се во скривница. Не можат да отидат до нивните резиденции, а ноќта ја поминале во амбасадата, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи. Османи вели дека МНР е во постојан контакт со нив и се обидува да ги евакуира со конвоите кои би ги организирале и другите земји за нивните амбасади.
„Имав контакти со мои колеги од регионот. Во Киев има околу 20-тина амбасадори од членки на ЕУ, кои исто така не можат да излезат. Киев е опколен, цела ноќ имало воздушни напади. Правиме аранжмани, која било земја која ќе обезбеди прва транспорт, да ги извадиме и нашите дипломати до Полска. Меѓутоа, тие се во комуникација со нашите граѓани во Украина. Иако вчера поголемиот дел го минале во скривница, даваат патни листови. Но, и тие кои добија патни листови, не можат да излезат“, информира Османи.