Полицијата дозволи влез на мали групи граѓани во црквата Св. Спас
Полицијата почна да пропушта мали групи на граѓани кои се дојдени на скопското Кале за да оддадат почит на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. До ова дојде откако заминаа политичките делагации кои според протокол за настан од висок ризик беа под засилено полициско обезбедување.
На барикадите се останати уште 50-тина граѓани кои чекаат полицијата да ги пропушти до црквата. Претходно полицијата не дозволуваше пристап до црквата Св. Спас и улиците беа затворени. Целата вест ТУКА
Демерџиев во Скопје: Има податоци за запрени бугарски државјани на границата со РСМ
Околу 100-150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје за да ја одбележат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев за бугарските медиуми во Скопје. Тој очекува да се исполнат ветувањата на македонските власти дека бугарските граѓани кои сакаат да дојдат во Скопје ќе бидат примени непречено.
Во бугарската делегација, која ќе положи цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас се и министерот за здравство Асен Меџидиев и заменик министерот за внатрешни работи Венцислав Катинов. Целата вест ТУКА
МВР: Граничните премини се во функција, се пропуштаат возила
Отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини и истиот е оспособен за функција и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава. На граничниот премин „Деве Баир“ група на бугарски граѓани чекаа да влезат на македонско територија за да му оддадат почит на револуционерот Гоце Делчев на одбележувањето на 151 годишнината од неговото раѓање. Целата информација ТУКА
На Деве Баир некои од автомобилите поминаа, па се вратија во Бугарија