Достапни линкови

Вести

Кривична за тероризам против малолетник поради лажни закани до училишта

Илсустративна фоторграфија
Илсустративна фоторграфија

Македонската полиција денеска до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам”.

Како што соопштија од МВР, пријавениот малолетник на 24.02.2023, користејќи го својот мобилен телефон креирало електронска адреса, и истиот ден, користејќи го својот лап-топ компјутер од својот дом испратило порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на едно средно училиште во Скопје, за која по извршени проверки било утврдено дека е лажна. Притоа, со цел да ги прикрие своите активности при испраќање на поракaта малолетникот користел VPN апликација.

„По преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика утврдена е користената IP адреса, чиј сопственик е таткото на малолетникот, а врз основа издадена Наредба за претрес на дом од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на родителот на малолетникот, од каде привремено се одземени мобилен телефон, сим картичка и лаптоп компјутер кои ги користело малолетното лице“, се вели во соопштението од МВР.

Вештачењето утврдило дека истата електронска адреса е користена за да се испраќаат пораки со заканувачка содржина до неколку училишта на територијата на град Скопје од мобилен телефон и од лаптоп компјутер, во повеќе наврати.

На трети месецов во присуство на неговиот родител, инспектор за малолетници и адвокат, во полициска станица извршиле службен разговор со малолетникот, во текот на кој тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

види ги сите денешни вести

Директорката на болницата во Кочани: Повеќето повреди кај жртвите биле од стампедо

Објектот каде се наоѓа дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Објектот каде се наоѓа дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Најголемиот дел од повредените лица од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои биле однесени во Општата болница во Кочани биле на возраст од 16 до 24 години и биле од Скопје, Штип, Пробиштип и Кочани, соопшти директорката на кочанската здравствена установа, докторката Кристина Серафимова.

Како што посочи таа, најголем дел од настраданите загинале како последица на стампедо кое веројатно настанало поради паниката по избувнувањето на пожарот.

„За жал повеќето повреди биле добиени од стампедото, особено кај пациентите што се починати. Тие починале од стампедото како последица на паничниот напад кај присутните кои почнале да излегуваат од влезот на дискотеката, во која се наоѓале 1500 лица“, изјави директорката Серафимова.

Покрај повреди од изгореници, голем дел од пациентите биле и со интоксикација на јагледорен моноксид. Во кочанската болница првично се правела првата тријажа, а потоа биле пренесувани во болниците во Штип и во Скопје. Во Кочани биле задржани само оние со помали изгореници, од прв степен.

Трагедијата во Кочани, град во источниот дел од Северна Македонија, настана во раните утрински часови на 16 март, за време на настап на музичкиот бенд ДНК во дискотеката „Пулс“.

Според последните официјални информации, загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

Од загинатите, досега се идентификувани 35 – од нив 31 лице е од Кочани, а четворица се од Штип, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Дел од повредените, како што е најавено, ќе бидат пренесени и во болниците од регионот.

Претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос, во изјава за државната агенција МИА потврди дека тројца млади пациенти ќе се пренесат во болницата Папаниколау во Солун.

Петмина треба да бидат испратени и во Бугарија која испрати авион за транспорт на повредените.

Се очекува дел од пациентите да се префрлат и во Истанбул, Турција, а се разгледува опција и за испраќање повредени и во Србија.

Надлежните органи во Северна Македонија соопштија дека во рамки на истрагата за трагедијата распишана е потерница за четири лица. Има и лица кои се приведени за разговор во полициска станица. Меѓутоа, засега не е познато по кого е распишана потерница, ниту пак, кои се приведените.

Во истрагата се вклучени повеќе институции, а ја предводи тим од шестмина обвинители.

Во пожарот во дискотеката почина тапанарот на ДНК, Горги Горгиев

Горги Георгиев
Горги Георгиев

24-годишниот струмичанец Горги Горгиев, тапанар на групата ДНК, која синоќа настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е меѓу десетиците загинати. Веста за неговата смрт ја потврдија брат му Димитар и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

„Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции. Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа“, напиша струмичкиот градоначалник Костадинов на неговиот Фејсбук.

Костадинов објави дека од 14:30 часот на Градскиот плоштад во Струмица граѓаните заедно ќе може ја споделуваат болката и тагата за загинатиот Горгиев и сите млади луѓе кои ги загубија животите во дискотеката во Кочани. Утре, пак, од 8 часот наутро во просториите на општинската зграда ќе биде отворена книга на жалост.

Владимир Блажев - Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен, изјави утрово за државната новинска агенција МИА Васко Спасоски од тимот на бендот.

На општинската и зградата на противпожарната бригада во Струмица се истакнати црни знамиња во знак на жалост со загинатите во пожарот во Кочани.

Бројот на загинати лица во пожарот во дискотеката во Кочани се искачи на најмалку 59 лица, а бројот на повредени кои се хоспитализирани низ болниците низ Северна Македонија е 155 лица.

Ова се последните информации што во 12 часот ги соопшти министерот за внатрешени работи Панче Тошковски на прес-конференција.

Бројот на починати во Кочани се искачи на 59 лица

Голем број роднини и пријатели на повредените и жртвите се собрани пред Општата болница во Кочани, 16 март 2025 година
Голем број роднини и пријатели на повредените и жртвите се собрани пред Општата болница во Кочани, 16 март 2025 година

Најмалку 59 лица се починати по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а бројот на повредени што се хоспитализирани низ болниците во Кочани, Штип и Скопје изнесува 155.

Ова е последниот пресек за трагичниот биланс од трагедијата што ја погоди Северна Македонија ноќта меѓу 15 и 16 март.

Информациите ги соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференција од Кочани, град во источниот дел на Северна Македонија.

Распишана е централна потерница за четири лица.

„Не можам во оваа фаза да кажам кои се четири лица“, им рече министерот на новинарите.

Тој, исто така, посочи дека во овој момент не може да соопшти ниту кои и колку лица се приведени во полициска станица.

Од загинатите лица, досега 35 се идентификувани. Од нив 31 лице е од Кочани, а четворица се од Штип.

Меѓу загинатите, како што кажа Тошковски, е и еден полицаец кој синоќа бил дел од акцијата за спроведување контрола низ дискотеки и угостителски објекти низ повеќе локации во Северна Македонија. Еден од објектите била токму и дискотеката „Пулс“ каде се случи трагедијата.

Акцијата била насочена кон откривање дрога и присуство на малолетници. Полицаецот бил од Пробиштип и требало да биде прогласен за најдобар полицаец на територијата на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип.

Трагедијата во ноќниот клуб во Кочани се случи за време на музички настап на познатото македонско дуо ДНК. Еден од членовите, како што соопшти семејството, е со изгореници на телото и е на кислородна поддршка. Другиот член на бендот е во добра состојба и со него полицијата веќе извршила разговор.

Полицајците досега разговарале и со 10-тина од повредените, а ќе се изврши разговор и со останатите кои се контактибилни, соопшти Тошковски.

Во истрагата се вклучени повеќе институции и инспекторати во Северна Македонија, а ја води тим од петмина обвинители.

Министерот соопшти дека премиери и шефови на држави и од регионот и од Европа веќе разговарале со премиерот Христијан Мицкоски и понудиле помош. Меѓу нив е и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Меѓутоа засега не се знае дали и каква помош ќе се бара од странство.

Евентуално се разгледува дали има потреба и можност некои од повредените да се транспортираат во странство на лекување. Но, и тоа како што рече Тошковски, засега не може да се потврди бидејќи треба да се утврди дали одреден пациент е во состојба да биде транспортиран.

Поради трагедијата, како што е најавено, Владата на седница попладнето на 16 март ќе прогласи седумдневна жалост во Северна Македонија.

Црвениот крст обезбедува поддршка за семејствата на настраданите во пожарот

Црвен крст на РСМ - архива
Црвен крст на РСМ - архива

Црвениот крст на Република Северна Македонија соопшти дека со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани.

Папралелно, отворени се и наменски телефонски линии за прва психолошка помош. Воедно, апелираат до сите да ја покажат хуманоста и солидарноста за обезбедување помош за настраданите семејства.

„Ја споделуваме тагата со семејствата на трагично загинатите, иако сме свесни дека во моментов, нема зборови што може да ја утешат нивната болка и загуба. На повредените им посакуваме брзо опоравување. Во овие тешки моменти кога се изгубени толку многу млади животи сакаме да истакнеме дека Црвениот крст на РСМ со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите“, нагласуваат оттаму.

Од Црвениот крст наведуваат дека организација ги ставила во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош и материјална поддршка.

Црвениот крст достави и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички. Возилата на Црвениот крст од програмата за санитетски транспорт се ставени во функција на институциите на системот.

Отворени се наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје кои ќе бидат во функција 24/7.

Од Црвениот крст на РСМ, информираат дека веќе ае контактирани од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст и партнерски национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и понудена е помош.

Пораки за сочувство и понуди за помош по трагедијата во Кочани

Пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани 16 март 2025 година
Пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани 16 март 2025 година

Претставници на Европската унија и амбасадори во Северна Македонија, премиери и претседатели на соседни земји, испратија пораки за сочувство и длабоко жалење за пожарот во Кочани, во кој досега според информациите на МВР почина 51 лица, а повеќе од 100 се повредени.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во објава на Икс изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани.

„Длабока жалост за трагичниот пожар, кој однесе премногу млади животи во Кочани, наведе Калас во објавата.

Таа изрази сочувство до „сите погодени од оваа трагедија“, а на повредените им посака брзо закрепнување.

„ЕУ ја споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија“, додаде Калас.

Претходно, “длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и сочувство за жртвите изрази и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер упати сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани.

„Срцето ми се кине утрово за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство го упатуваме до жртвите и нивните најблиски во ова ужасно време, а им посакуваме брзо закрепнување на повредените. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија“, наведува Агелер во објавата на фејсбук профилот на Амбасадата на САД во земјава.

И претседателот на Србија, Алекандар Вучиќ изрази длабоко сочувство за трагедијата во Кочани.

„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност со народот на Македонија во овие тешки моменти. Нашите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Србија е секогаш подготвена да ја пружи секаква неопходна помош, во согласност со своите можности, покрај своите пријатели“, објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, пак, во телефонски разговор со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, понуди помош од Бугарија во овие тешки моменти.

„Изразувам искрени сочувства до семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани. Во најтешките моменти стоиме заедно, па нудиме помош и поддршка што Бугарија може да ја пружи. Нека Бог ги прости загинатите, а ние се молиме за брзо закрепнување на повредените“, изјави бугарскиот премиер.

Сочувство за загубените животи и подготвеноста на Грција да помогне по трагедијата во Кочани, изрази и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Х.

„Искрено сочувство до народот на Северна Македонија за загубените животи во трагичниот пожар во Кочани. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Грција е подготвена да помогне во ова тешко време“, напиша Мицотакис.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани во која загинаа над 50 лица, а стотици се повредени.

„Моето искрено и длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски и до сите граѓани во нашата соседна пријателска земја. Моите молитви и молитвите на албанскиот народ се упатени кон повредените, тие брзо да закрепнат и болката во градот Кочани да не се зголемува“, напиша Бегај во објава на Х.

Според досегашните податоци на полицијата 51 лице починало, а повеќе од 100 се повредени и пренесени во болниците во Кочани, Штип и Скопје, соопшти на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во критична состојба се 18 повредени во пожарот во Кочани, има и малолетници

Арбен Таравари, министер за здравство
Арбен Таравари, министер за здравство

И малолетници се меѓу оние кои се во критична состојба, потврди предмалку министерот за здравство, Арбен Таравари во изјава за медиумите поврзана со трагичниот настан во кој загина 51 лице во пожар во дискотека во Кочани.

„Хоспитализирани во ГОБ 8 ми Септември се 17 лица, во Штип во клиничката болница се 39, а во Кочани 30. Околу 18 пациенти се во критична состојба и тие се во скопските болници. Сигурен сум дека здравствените работници го даваат максимумот, се што треба за третман на пациентите е ставено во функција. Заменик министерот е во Штип и добиваме информации дека пациентите се во стабилна состојба, а критичнате се во Скопје“, изјави Таравари.

Тој изрази благодарност до другите држави кој понудиле помош а тоа се од Бугарија, Србија и болницата во Белград и Холандија.

Таравари рече дека ќе одлучат дали некои од пациентите ќе ги носат во странство.

Од кочанската болница велат дека главно повредените кај нив се со изгореници на лицето и екстремитетите.

„Починати се многу, но додека не заврши идентификација не можеме да ви дадеме точна бројка, донесувани беа починати или во моментот кога доаѓаа починуваа. Тешко е да се идентификуваат, дел имаа лични карти а дел немаа, тие што имаа долкументи се идентификувани. Сега очекуваме роднини да ги препознаат останатите но тоа е веќе надлежност на Јавното обвинителство. Меѓу починатите имаше на возраст од 14 до 25 години а меѓу нив има од Штип, Кочани, Пробиштип и Скопје“, Кристина Серафимова, директор на болницата во Кочани.

Првиот повик во болницата бил во 2 часот и 48 минути и веднаш се мобилизирале сите лекари, вели Серафимова.

Коцевски: Истрагата за пожарот ќе биде целосна и брза

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија формираше обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија поврзани со пожарот во Кочани. Во обвинителскиот тим се вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје.

Во Кочани е републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и сите обвинители, кои заедно со останатите надлежни служби се на терен, информираат од јавното обвинителство.

„Во моментов не можам да кажам како настанал пожарот. Ние во моментов издаваме наредби во однос на одговорноста вертикална и хоризонтална за евентуалните лица кои можат да се инволвирани и да носат одговорност. Во МВР има одредени лица кои веќе даваат изјави, а денеска веќе ќе дадеме наредби и ние. Не можеме да кажеме колку лица се повикани на распит“, изјави Коцевски.

Тројца обвинители вршат увид на лице место, причините допрва ќе се утврдуваат рече Коцевски. Првичните сознанија се такви дека е настанат пожарот од пиротехнички материјали потврди обвинителот и рече дека во моментов се издаваат наредби за вештачења и собирање докази во однос на тоа како е изграден објектот, дали имало дозвола, дали ги изполнува условите се работи на тоа. За сега се уште се утврдува и бројот на присутсни во моментот на настанот.

Тој им вети на семејствата дека истрагата ќе биде целосна и брза, а ќе се ангажираат и вештаци од сите области.

Во пожарот во дискотеката во Кочани синоќа загина 51 лице, а над 100 се повредени.

Причината за пожарот, според првичните информации кои ги соопшти Тошковски се дека настанал од искри од приотехнички средства, кои биле употребени за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.

„Во моментот на активирање на прскалките, најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој е од лесно запалива материја и за кратко пожарот се проширил низ цела дискотека и се создал густ чад. За кратко време се пристигнати противпожарни служби од околните градови, амбулантни возила, а активирани се и хеликоптери на МВР за транспорт на повредените на скопските клиники“, изјави Тошковски.

Повредените се хоспитализирани во повеќе болници низ земјата.

Мицкоски: Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива

Премиерот Христијан Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски

„Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.

Мицкоски ги повикува сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства.

„Владата е целосно мобилизирана и ќе направи сè што е потребно за справување со последиците и утврдување на причините за оваа трагедија. Во текот на денот, по согледување на околностите од надлежните институции ќе и’ се обратам на јавноста со повеќе информации за преземените чекори. Во овие времиња на длабока тага, кога нашите срца се скршени од болка поради оваа ужасна трагедија, повикувам на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност“, вели Мицкоски.

Во пожарот во дискотеката во Кочани, според официјалните информации, загинаа 51 лице и над 100 се повредени.

Причината за пожарот, според првичните информации кои ги соопшти Тошковски се дека настанал од искри од приотехнички средства, кои биле употребени за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.

„Во моментот на активирање на прскалките, најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој е од лесно запалива материја и за кратко пожарот се проширил низ цела дискотела и се создал густ чад. За кратко време се пристигнати противпожарни служби од околните градови, амбулантни возила, а активирани се и хеликоптери на МВР за транспорт на повредените на скопските клиники“, изјави Тошковски.

Вкупно 118 хоспитализирани повредени има низ болниците во Северна Македонија од трагедијата во дискотеката во Кочани, потврди министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиумите.

Романскиот екстремно десничарски кандидат одобрен за претседателските избори

Џорџ Симион (во средината) пред да ја поднесе својата кандидатура за романските претседателски избори, Букурешт, 14 март 2025 година
Џорџ Симион (во средината) пред да ја поднесе својата кандидатура за романските претседателски избори, Букурешт, 14 март 2025 година

Романските изборни власти ја одобрија кандидатурата на водачот на ултранационалистичка партија за претседателските избори во мај во саботата, неколку дена откако Уставниот суд ја потврди одлуката за забрана на екстремно десничарскиот популист Калин Георгеску да се кандидира.

Одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) да ја одобри кандидатурата на Георге Симион, лидерот на Алијансата за единство на Романците АУР и сојузник на Георгеску, дојде ден откако тој ја поднесе својата апликација.

Симион и Анамарија Гаврила, водач на екстремно десничарската Младинска партија ПОТ и поранешен член на АУР, најавија претходно оваа недела дека ќе влезат во трката и дека еден од нив ќе се повлече доколку и на двајцата им биде одобрено да се кандидираат. Се очекуваше Гаврила да ја поднесе својата апликација во сабота, кога е и крајниот рок.

Во саботата ЦИК ја отфрли кандидатурата на друга екстремно десничарска политичарка, лидерката на партијата СОС Романија, Дијана Сосоака, и ја одобри кандидатурата на проевропската центристичка политичарка Елена Ласкони. Сосоака исто така беше отфрлен кога изборите првично беа одржани во ноември.

Георгеску, кој е критичен кон НАТО и се противи на поддршката на Романија за Украина, изненадувачки победи во првиот круг од изборите на 24-ти ноември. Симеон беше четврти.

Протести на поддржувачите на забранетиот романски кандидат за претседател, Георгеску
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 1080p
  • 720p

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 1080p
  • 720p

По тоа гласање, романските разузнавачки служби известија дека странски актери, најверојатно Русија, манипулирале со платформите на социјалните медиуми, особено ТикТок, во корист на Горгеску. Уставниот суд потоа ги поништи претседателските избори на 6 декември, пред вториот круг на гласање.

Новото гласање е закажано за мај – првиот круг на 4 мај и вториот круг, доколку е потребно, на 18 мај.

Поддржувачите на Георгеску одржаа неколку протести против одлуката да му се забрани да се кандидира.

Демонстрантите од целиот политички јаз одржаа митинг во Букурешт во саботата за да изразат солидарност со, како што велат, европските вредности.

МВР: Пукање кај Бит Пазар - повреден малолетник

Илустрација
Илустрација

Момче на возраст од 16 години било повредено од огнено оружје во пределеот на едната рака кај Бит Пазар во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, настанот бил пријавен вчера во 15.39 часот во СВР Скопје дека се случил на улицата „Војдан Чернодрински“ кога едно лице од огнено оружје пукало во 16-годишник од Скопје и го напуштило местото.

„Малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош“, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид и на местото биле пронајдени неколку чаури и еден куршум.

МВР презема мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG