Достапни линкови

И Македонија во повампирувањето на СССР?


Берлински ѕид на Балканот?
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:52 0:00

Берлински ѕид на Балканот?

Неколку аналитички центри и експерти предупредуваат дека Москва може да се обиде да направи нова Железна завеса или нов политички Берлински ѕид во својата „борба“ со Западот, а политичките околности во последните години велат дека завесата може да се спушти на Балканот.

За да ги поделите народите со цел да владеете со нив од секогаш се користеле неморални стратегии. Од Александар Велики до Сталин Суровиот. Се работи само за варијанти за ставање на народите под волјата на еден император. „Сега гледаме една таква стратегија повторно на дело – рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја врати надмоќта на Кремљ над земјите кои СССР ги изгуби кога експлодираше во 1991 година. Тој и самиот ги откри неговите неоимперијлистички креации“.

Ова пред цели 15 години го напиша Витаутас Ландбергис, првиот лидер на независна Литванија, а денешните анализи на влијателни медиуми и признаени експерти велат дека проценките за желбите за повампирување на моќта на некогашниот СССР не се погрешни.

Денес, цели 15 години подоцна, британскиот портал „Експрес“ се надоврзува: „Големите зделки со оружје, путиновото чепкање во замрзнатите балкански конфликти, интересот за нестабилен Балкан и низа други стратешки потези предизвикуваат страв од нова Железна завеса или нов Берлински ѕид, ама на Балканот“.

Тага за Советскиот сојуз или челична завеса на Балканот?

„Путин во повеќе наврати ги изрази своите негативни чувства кон распадот на Советскиот сојуз. На еден форум во 2018 година, на прашањето што би променил во руската историја, тој одговори: Колапсот на Советскиот Сојуз“, анализира британскиот „Експрес“.

Според анализата на весникот, „Путиновата најнова игра за моќ беше беше ракетниот систем Панцир за Србија, зајакнувајќи ги врските со автократската администрација предводена од претседателот Александар Вучиќ“. Договорот за руско оружје за Србија се реализира и покрај предупредувањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Оружје за Србија, безнадежност за Македонија и Албанија

Србија не е единствената земја на Балканот која ја чувствува раката на Кремљ. Според Пол Стронски, аналитичар од Карнеги институтот од Москва, тука се и Северна Македонија и Албанија.

„Влијанието на Крем во тој дел од Балканот е насочено кон поткопување на надежите на земјите за влез во ЕУ и НАТО. Тоа е придонес за нестабилност во регионот која би направила државите претенденти да бидат што помалку прифатени во западните сојузи со зголемувањето на безбедносните стравови“, вели Стронски, во неговата анализа „Руската игра на Балканот“.

Упатените велат дека во прилог на тоа „разочарување“, особено од Унијата, е ситуацијата во која се наоѓа западнобалканската шесторка Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, чија сел е членство во ЕУ.

Многу повеќе од оживување на старите пријателства на СССР и СФРЈ

„Европското НЕ за Македонија и за Албанија отвора врата за кинеско, руско или турско влијание кај нас, како што потенцираа и некои од европските лидери. Не верувам дека има шанса за нова челична завеса како што велат некои анализи, но не би било чудно, токму тука на Балканот, Кремљ да ја замислил политичката бариера за Западот, за да ги заштити своите анти-ЕУ и анти-НАТО интереси, а потоа да ги продолжи обидите за ширење на својата сфера на влијание“, вели политикологот Симеон Костадиновски.

Тој додава дека може, но и не мора неодамнешната покана до Македонија за членство во Евроазиската економска унија предводена од Русија да се смета за смислен потег од Кремљ, ниту пак минатонеделниот македонско-руски економски форум да е некаков одговор на нашата Влада на недоделувањето датум од ЕУ, бидејќи, како што вели Костадиновски, премиерот Зоран Заев и минатата недела, а и многу пати пред тоа кажа дека нема алтернатива за ЕУ и НАТО.

Но, Пол Стронски од „Карнеги Москва“ е со потврд став и предупредува: Балканот е пример за значајна историска, културна и верска поврзаност за време на блиските односи меѓу СССР и Југославија за време на Студената војна. Ова што денес го прави Путин не е само оживување на старите пријателства“.

XS
SM
MD
LG