Достапни линкови

Земјоделство дише на шкрги - Вие коментирате


Илустрација
Илустрација

„Кој е будала да произведува за 10ден/кг“, и „Со овие цени на нафта и ѓубрива што ги има ќе сањате за жито и за сончоглед“, се само дел од коментарите по Саботната анализа на РСЕ за тоа дека „пченица произведуваме недоволно, а сончоглед колку за грицкање“. Читателите на РСЕ коментирале и за војната во Украина.

Ако судиме според вашите коментари на нашата ФБ страница, Саботната анализа на РСЕ на македонски јазик за тоа дека Македонија секоја година оди во минус од 400 милиони евра за увоз на храна и дека пченица „произведуваме недоволно“, а „сончоглед колку за грицкање“, лаичкиот впечаток е дека нашето земјоделство дише на шкрги, што би се рекло, и дека вината ја гледате во политиката и политичарите и ниските откупни цени и поскапувањето на нафтата и другите енергенси поради војната во Украина.


Златко Вурмески вели: „Кој е будала да произведува за 10ден/кг“, а Орхан Ахмет констатира: „Со овие цени на нафта и ѓубрива што ги има ќе сањате за жито и за сончоглед, ајде сега нека ве хранат мобилните земјоделци... машини стари и по 50 години, Бог на помош нека ни е...“ Ване Колев, пак, смета: „Што е битно дека Македонија оди во минус, битно е плусот што поединци го прават од увозот“. Лидија Пренџова, меѓутоа, со критика за земјоделците: „Мрзливи се, несовесни се и сакаат парите што ги добиваат за помош за поголемо земјоделско производство да ги трошат на коли и покуќнина. И со двојно помало производство да ја имаат добивката како со цело претходно. Затоа сè повеќе увезуваме храна и покрај двојно зголемените средства издвоени за субвенции. Неодговорност и егоизам!“


Војната што се води во Украина по руската агресија врз таа земја и натаму го привлекува вашето внимание на социјалните мрежи, но и натаму доминираат постовите со антиукраинско расположение и навредливиот речник за медиумите што информираат од двете страни. Русија забрани пристап до веб страници на РСЕ на својата рапидно растечка листа забранети интернет страници. Руската новинска агенција Интерфакс објави дека телото за контрола на информациите што се споделуваат во Русија, Роскомнадзор го ограничила пристапот и до веб-страницата на германскиот медиум Билд, претходно на британскиот Би-Би-Си...и Сашо Јорданов и Ацо Мојсо спомнуваат „сатани“ и „слуги на сатаната“. А по изјавата на генералот на украинското воено разузнавање, Кирило Буданов, дека Путин се обидува да создаде „Северна и Јужна Кореја во Украина со неиспровоцираната инвазија“, Златко Деркоски пишува: „НАТО инсталира режим во Украина во 2014-та многу полош од Северна Кореја и ЈуЕсЕј“, а на Вангел Бојаџиески како да му е до шега: „Абе че врнит утре? Што казаја, а?“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG