Достапни линкови

Денеска е Дебар, утре може да е во секој град - Вие коментирате


„Купувајте тоа што во нормали услови би ви требало“, „ Имајте на ум дека треба да сме хумани пред сѐ.“, се само дел од коментарите по информациите дека има купувачка треска поради коронавирусот. Читателите на РСЕ на социјалните мрежи изразуваат и поддршка за жителите на Дебар, каде е прогласена вонредна состојба.

На ФБ страницата на нашево Радио има многу позитивни реакции на пораката на Зоран Ѓорѓевски по нашата информација дека улиците на Скопје се празни, а мноштво граѓани ги има зафатено купувачка треска по намирници:

„И вработените во маркетите имаат семејства и деца... и тие се луѓе... луѓе кои за разлика од нас одат на работа... аптеки... маркети... пумпи... без нив ќе биде многу , многу тешко... затоа да им олесниме... дајте соземете се малку... до вчера сите бевте по кафани и кафичи... купувајте тоа што во нормални услови би ви требало“.

За Симона Крстеска ова е „Коментар на место“, исто како и за Ненад Наковски: „Зоран Ѓорѓевски, браво другар за коментарот, чиста десетка“. Билјана Петковска напишала: „Браво, човек на место. Секоја чест, пример за сите. Дај бре луѓе свесно имајте на ум дека треба да сме хумани пред сѐ“.

„ДИК бара одложување на изборите зашто не станува збор само за денот на гласањето, туку дека во тој процес се вклучени многу луѓе кои треба меѓусебно да комуницираат“ – по оваа информација Адем Липовица напишал: „Зошто? Да им се даде на поединци да блеат по митинзи, тоа ли ве заболе? Народот не е веќе глуп, знае како и што да гласа“, а Блаже Алексоски смета дека „Обновата треба да дојде што поскоро, секое одложување значи пораз за Македонија“.

Голем број посетители на ФБ страницата негативно реагирале на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека неговата партија предлага итен пакет антикризни мерки. Кире Велјановски му порачува да „седи дома“, а Бајрам Рамовски дека „ќе изгубат на избори“. Ивица Богдановски резигниран: „Марш бре, ваму солите памет, а во оваа ситуација фрлате недолични летоци по улиците... мизерија сте и затоа ќе ве закопаме на избори кога и да бидат“. И Орце Цветковски со кратка анализа на однесувањето на лидерот на опозициската партија: „Едно кажува, друго прави. Лицемер“.

Новинари од редакцијата на РСЕ на македонски направија фото репортажа од Дебар откако беше прогласена кризна состојба, а Буки Буки постирал: „Господ нека им е напомош“, исто како и Селманоски Музафер: „Алах да им помогнет на сите дебарчани“. Анкица Трповска со своја порака: „Господ да е со сите нас, денес е Дебар утре може да е во секој град“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG