Затворени гласачките места, почнува броењето на гласовите
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија гласаа на вториот круг од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места гласаа само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Според информациите од последната прес-конференсија на ДИК, излезноста до 18.30 часот била 44,5 отсто и, како што рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, се очекува да биде исполнет цензусот потребен за избор на претседател на државата.
Крива Паланка со излезност над 70 отсто
Крива Паланка е општината со најголема излезност до 18:30 часот во вториот круг на претседателските избори, каде што на гласање излегоа 70,35 отсто од гласачите. Најмала излезност има во Желино, каде што гласале под 16 отсто од регистрираните избирачи.
Кирацовски: Пендаровски води, за час и половина ќе ги имаме резултатите
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на прес-конференција по затворањето на гласачките места, соопшти дека нивниот кандидат, Стево Пендаровски, е во водство на овие претседателски избори.
Мост: Нерегуларности на две гласачки места пред затворање на гласањето
Граѓанската асоцијација Мост, од 17 до 19 часот, забележала изборни нерегуларности на две гласачки места - во Кисела Вода и во Чегране.