Втор круг од претседателските избори
Во вториот круг победник е оној што добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи. Доколку и во вториот круг ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број гласови, се повторува целата изборна постапка, согласно Изборниот законик. Ако нема цензус од 40 отсто, тогаш според Уставот, функцијата претседател на државата ќе ја врши претседателот на Собранието Талат Џафери. Повеќе информации тука: https://www.slobodnaevropa.mk/a/29920858.html
Изборите ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи
Претседателските избори во земјава ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК.
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска, на денот на одржувањето на вториот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид и Ново Село, во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.