Достапни линкови

Претседателски избори во Северна Македонија

Стево Пендаровски е победник на претседателските избори со освоени речиси 52 насто од гласовите, според податоците ДИК. СДСМ изборниот процес го оцени како фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ обвини за нерегуларности на власта. За ДИК изборите поминале без поголеми нерегуларности.

  • Втор круг од претседателските избори
  • Гласачките места беа отворени во 7 часот, а беа затворени во 19 часот.
  • Според ДИК, одзивот е над 46 %
  • Досега до ДИК нема известувања за евентуални нерегуларности.
  • Стево Пендаровски освои скоро 52 отсто од гласовите, а Гордана Сиљановска Давкова скоро 45 отсто.
20:03 5.5.2019

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата

Ќе победиме. ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата, изјави генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на еден час по затворањето на гласачките места од вториот круг од претседателските избори.

20:08 5.5.2019

ДИК: Од досега преброените гласови, Пендаровски во водство

ДИК првични резултати
ДИК првични резултати

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, од обработени 11,56 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата - Стево Пендаровски.

20:29 5.5.2019

ДУИ: Успешниот изборен процес е извонреден резултат

Изет Меџити, шеф на изборниот штаб на ДУИ
Изет Меџити, шеф на изборниот штаб на ДУИ

Во ДУИ на првата прес-конференција по завршување на гласањето истакнаа дека се задоволни од придонесот на партијата во двата изборна круга со што е овозможен цензусот и предноста на нивниот концепт. Сметаат дека успешниот процес е извонреден резултат, успешно завршен и во согласност со европските стандарди.

20:34 5.5.2019

Мирен изборен ден, до 19 часот само една пријава

Џељаљ Бајрами
Џељаљ Бајрами

Јавниот обвинител и претседател на Комисијата за следење на изборни нерегуларниост поврзани со изборите, Џелал Бајрами, изјави дека изборниот ден поминал во најдобар ред, со исклучок на еден настан пријавен на територија на Вишо јавно обвинителство Гостивар.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG