Македонски Брод, Крива Паланка, Демир Капија и Демир Хисар со излезност над 60 проценти до 17 часот
Најголема излезност во вториот круг од претседателските избори до 17 часот има во Македонски Брод, каде што на гласање излегле 61,29 отсто од запишаните избирачи. Над 60 отсто излезност има уште во Крива Паланка со 61,28 отсто, Демир Хисар со 60,4 и Демир Капија со 60,28 проценти одѕив.
Претседателски избори - цензусот е извесен
На два часа пред затворањето на избирачките места гласале над 680 илајди гласчи, соопшти денеска Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски информираше дека излезноста до 17 часот е над 38 проценти.
Што денеска очекуваа Пендаровски и Сиљановска - Давкова?
Исполнет цензус и победа на претседателските избори очекуваат и двајцата кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска-Давкова. Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев посака успешни избори, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се жалеше на нерегуларности.
ДИК: Излезноста до 18.30 е 44,5 отсто, цензусот исполнет
Излезноста до 18.30 часот на денешниот втор круг од претседателските избори изнесува 44,5 отсто, соопшти ДИК. Најголема излезност има во Крива Паланка, а најмала во Желино.