Достапни линкови

Претседателски избори во Северна Македонија

Стево Пендаровски е победник на претседателските избори со освоени речиси 52 насто од гласовите, според податоците ДИК. СДСМ изборниот процес го оцени како фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ обвини за нерегуларности на власта. За ДИК изборите поминале без поголеми нерегуларности.

  • Втор круг од претседателските избори
  • Гласачките места беа отворени во 7 часот, а беа затворени во 19 часот.
  • Според ДИК, одзивот е над 46 %
  • Досега до ДИК нема известувања за евентуални нерегуларности.
  • Стево Пендаровски освои скоро 52 отсто од гласовите, а Гордана Сиљановска Давкова скоро 45 отсто.
13:12 5.5.2019

МВР не регистрирало никакви проблеми во гласањето

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски изјави дека во текот на денешното гласање од вториот круг на претседателските избори, до 12 часот, нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир. Гласањето се одвива мирно и без проблеми, изјави тој на денешната прес конференција.

МВР апелира граѓаните и во преостанатиот дел од денот, на мирен и достоинствен начин, да го искористат своето гласачко право.

13:21 5.5.2019

13:45 5.5.2019

Прес на ДИК во 13:30

Одзивот до 13 часот е 20,73%

Најголем одзив има во Крива Паланка, Крушево, Прилеп, Кратово, Гевгелија, Берово...

Најмал одзив досега има во Желино, Врапчиште, Боговиње...

До ДИК досега не пристигнале извештаи за некакви нерегуларности

14:09 5.5.2019

Прес на МОСТ во 14 часот

Одзивот до 13 часот, според МОСТ, е 21,3%

Нема некои поголеми нарушувања на гласањето

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG