Достапни линкови

Претседателски избори во Северна Македонија

Стево Пендаровски е победник на претседателските избори со освоени речиси 52 насто од гласовите, според податоците ДИК. СДСМ изборниот процес го оцени како фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ обвини за нерегуларности на власта. За ДИК изборите поминале без поголеми нерегуларности.

  • Втор круг од претседателските избори
  • Гласачките места беа отворени во 7 часот, а беа затворени во 19 часот.
  • Според ДИК, одзивот е над 46 %
  • Досега до ДИК нема известувања за евентуални нерегуларности.
  • Стево Пендаровски освои скоро 52 отсто од гласовите, а Гордана Сиљановска Давкова скоро 45 отсто.
14:20 5.5.2019

ФОТОГАЛЕРИЈА: Атмосферата на избирачките места

14:25 5.5.2019
Гласачко место во Тетово во вториот круг од претседателските избори 2019
Гласачко место во Тетово во вториот круг од претседателските избори 2019

Мирен изборен ден со помали изборни неправилности

Излезноста до 13 часот во вториот круг е 20,73 отсто што е нешто повисока од првиот круг во тоа време, кога беше 20,45 отсто. До ДИК не се пријавени неправилности. Набљудувачите оценуваат дека гласањето е мирно, а нотираат и помали нерегуларности. Поопширно, тука: https://www.slobodnaevropa.mk/29921983.html

14:38 5.5.2019

Во Скопје највисока излезност во Центар, најниска во Сарај

Гласање во вториот круг на претседателските избори 2019
Гласање во вториот круг на претседателските избори 2019

Најголема излезност во Скопје до 13 часот, според податоците на ДИК, има во општина Центар каде гласале 27,27 отсто.

14:51 5.5.2019

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG