Достапни линкови

Герасимовски - Треба многу пари за да се справиме со дивоградбите


Само 10 до 15 проценти државно земјиште во Треска ќе се продаде
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:38 0:00

Само 10 до 15 проценти државно земјиште во Треска ќе се продаде

За два објекти коишто се планирани за отстранување во последниот месец, ни беа потребни околу 5 милиони денари за да ги оневозможиме да бидат функционални. А за да го отстраниме целите објекти потребни се неколкупати повеќе средства, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Господине Герасимовски, поднесовте иницијатива до ЗЕЛС за конфискација на дивоградби изградени на државно земјиште. Какви се вашите очекувања од оваа иницијатива?

Се соочуваме со проблем со одредени дивоградби коишто се градат на државно земјиште, во зелен појас. Иако е постапено целосно од наша страна како општина, поставени жолти ленти, пишани казни за отстранување и уривање на диво изграден објект, се соочуваме со огромни финансиски средства кои треба да ги искористиме за нивно отстранување. Нам, за два објекти коишто се планирани за отстранување во последниот месец, ни беа потребни околу 5 милиони денари за да ги оневозможиме да бидат функционални. Се соочуваме со проблем зашто ќе се урнат неколку столба од објектот, тој не е функционален, но во истиот се населуваат бездомници, создаваат дополнителни проблеми во околината, а за да го отстраниме целиот објекти потребни се неколкупати повеќе средства и претставува огромен проблем на општината и на општинскиот буџет.

Зошто оваа иницијатива ја поднесовте до ЗЕЛС, а не до вашите сопартијци кои имаат мнозинство во Собранието? На крај, во Собранието се носат измените на законите. Отворивте ли дебата внатре во партијата?

Чекорите се такви секоја иницијатива прво да оди до ЗЕЛС, па истата да ја достават до министерствата и до владата. Јас дополнително, покрај доставата до ЗЕЛС, побарав и лични средби со министрите, разговарав со одредени партиски функционери коишто имаат можност дополнително да дадат ветер во грб и да успееме во овие иницијативи. Има согласност од повеќе страни, верувам дека, како што нагласив, со повеќе дебати ќе изнајдеме решение и за овој проблем со кој се соочуваме сите.

До каде е процедурата за Треска?

Таму имаме важечки план, имавме обид преку регулација брзо да ги измениме планот за Буњаковец 1 и 2, каде што потпаѓа и парцелата на Треска. Од страна на Градот имавме неколку состаноци, но гледаме дека таа иницијатива остана нерешена, бидејќи самиот совет на Град Скопје требаше да ја изгласа преку регулација да се овозможи правење на нов ДУП за таа парцела. Почнати се процедури за расчистување на објектите од страна на сопствениците на одредени парцели. До општината уште пред неколку години се пристигнати многу барања, но во моментов е процедура за расчистување на земјиштетоо, односно отстранување на објектите.

Дали планирате да го продадете државно земјитште, таму ми се чини дека околу 40 проценти е државно земјиште. Дали тоа ќе го направите според сегашното постоечко решение за дооформување на парцела ?

Од тие парцели што имаат поднесено барања мислам дека е тоа мал процент на парцела, околу 10 до 15 отсто, што не се големи бројки. Останатиот дел што е државно ќе потпадне на урбанизација, решавање на сообраќајот, во делот на паркирањето и зеленилото. Иако нема градинка предвидено, ние правиме напор со сопствениците односно инвеститорите што во иднина би граделе во тој дел да направат градинка што би ја донирале на општината.

Со кого обезбедувате мнозинство за носење одлуки во советот ако се има предвид дека вашата политичка партија нема мнозинство за сама да може да носи одлуки?

Ние во Општина Центар немаме ни претседател на Советот, имаме претседавач, а тоа е нашата највозрасна советничка, која е од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Немаме никаков проблем и искрено можам да кажам дека досега имаме коректна, да не речам одлична соработка. Сите предлози коишто досега поминале на Советот се стриктно во интерес на граѓаните. Поголемиот број на точки се гласаат, да не речам, од сите советнички групи.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG