За вториот изборен круг акредитирани 1.598 набљудувачи, новинари и преведувачи
За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи. Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251. Од домашните најбројни се од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 и од Здружението ЦИВИЛ, а останатите се од Центар за слобода Скопје, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак-Сонце, од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје, од Национален ромски центар, од Граѓанска превенција „Превенција за време на избори“ и од Здружението Млади европски федералисти – ЏЕФ. https://www.slobodnaevropa.mk/a/31537955.html
На вториот круг од локалните избори излезеноста до 9 часот е 5,25 насто
Државната изборна комисија на денешната прва прес конференција посочи дека излезеноста до 9 часот изнесува 5,25%, односно гласале 56.700 гласачи.
Највисока излезност има во Општина Ранковце каде излезноста е 15,24 насто. Потоа следува Пехчево со 13,73 проценти. Зелениково со 11,74, Демир Хисар со 10,88, Вевчани 10,51% Конче со 10,14 проценти излезност.