Репортажа од гласачки места во општина Центар
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски изјави дека досега изборите течат мирно без нарушување на јавниот ред и мир.
- Ги повикувам граѓаните и учесниците во овие избори така да продолжиме во текот на целиот ден и да имаме мирни и фер демократки избори. Нарушување на јавниор ред и мир нема, но имаше два настани во врска со кинење на гласачко ливче. Гласач во Кичево изјави дека згрешил при заокружувањето и го скинал ливчето. А имаше уште еден случај во Кичево каде еден гласач го фотографирал своето ливче, и за овие настани ќе се преземат соодветни мерки, изјавил Ангеловски за Сител телевизија.
Ангеловски дополни и дека службите на МВР работат и денеска за да можат граѓаните да си ги подигнат личните карти.
Скоро двојно зголемена излезност во Битола во однос на првиот круг
До 9 часот излезноста во вториот круг од локалните избори во Битола изнесуваше над 7 проценти што е повеќе во однос на првиот кога имаше 4,5 проценти, соопшти Игор Талевски претседател на ОИК Битола. Отворени сите гласачки места и гласањето тече без проблеми. Имаше само две замени на уредите за отпечаток од прст.