Достапни линкови

Скопје, Локални избори 2021
Скопје, Локални избори 2021

БЛОГ: ВМРО-ДПМНЕ победи - Заев поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на локалните избори, а премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев поднесе оставка на двете функции. На вториот круг од локалните избори кој се одржа во 44 општини, во поголемиот дел од општините победи опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

  • ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е победник на локалните избори, со освоени најмногу градоначалнички места.
  • Во Скопје победи независната кандидатка Данела Арсовска, подржана од ВМРО-ДПМНЕ
  • Зоран Заев го призна поразот и си поднесе оставка и од премиерската функција и од лидерската во СДСМ
  • ДУИ загуби во Тетово и Гостивар, но победи во Кичево и во Чаир
  • ДИК гласањето во вториот круг од локалните избори го оцени како фер и демократски и без поголеми проблеми.
22:31 31.10.2021

Заев поднесува оставка од местото премиер и претседател на СДСМ

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва им ја честиташе победата на локалните избори на политичките противници и рече дека поднесува оставка на местото премиер и претседател на СДСМ. Тој рече дека не треба да има предвремени парламентарни избори.

22:16 31.10.2021

Во десет општини заврши броењето на гласовите

Во десет општини целосно се обработени податоците од гласањето на вториот круг од локалните избори 2021. Во пет од овие општини победи ВМРО-ДПМНЕ, во три СДСМ, а во две ДУИ.

22:03 31.10.2021

Арсовска: Скопје доби жена за градоначалник

Данела Арсовска
Данела Арсовска

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, прогласи победа во градоначалничката трка против актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ. Таа рече дека според досега преброените гласови, води со над 20 илјади гласа разлика пред Шилегов.

22:01 31.10.2021

Прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG