Победа во Скопје прогласи независната кандидатка за градоначалник Данела Арсовска која беше подржана од ВМРО ДПМНЕ
Јакимовски прогласи победа во Карпош
Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски прогласи победа во вториот круг од локалните избори во Карпош. Негов противкандидат беше Душко Весковски од СДСМ.
„Со десеткувана партија, со украдени пратеници, омаловажуван, притворан, жртва на страшна пропаганда тргнав во овој поход, но знаев дека го имам народот зад себе. Направивме моќен сојуз и јас и народот на Карпош ја испишавме оваа историја“, рече Јакимовски.
Ахмети – Ќе одам да славам во Кичево
Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција во партиското седиште оцени дека изборниот процес поминал според очекуваните стандарди и оти партијата победува во Струга, Кичево, Долнени, Чаир, Боговиње, Теарце и Арачиново“.
Тој рече дека ќе замине во Кичево на прослава за освоеното градоначалничко место со сопартијците.
Димитриевски прогласи победа против СДСМ во Куманово
Победа прогласи досегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Тој тврди дека го освоил вториот мандат за градоначалник, но овој пат како независен кандидат. Првиот мандат беше градоначалник како член на СДСМ. Димитриевски на социјалната мрежа Фејсбук се вклучи во живо од неговиот изборен штаб и прогласи победа со разлика од над 5 илјади гласови.