Османи – Изборниот ден помина во мирна атмосфера
Владејачката ДУИ смета дека денешниот изборен ден поминал во мирна атмосфера. Партискиот портпарол и министер за надворешни работи Бујар Османи по затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори рече дека имавме успешни избори „и тоа е севкупен политички успех, со што покажавме дека сме зрела демократија, членка на НАТО и земја што треба да ги почне пристапните преговори со ЕУ“.
Спасовски – Изборен ден во мирна и фер атмосфера
Изборниот ден од вториот круг на локалните избори помина во мирна и фер атмосфера, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој изрази задоволство и од тоа како во целост поминаа и изборите и кампањата.
Даштевски – Фер и демократско гласање со изолирани инциденти
Имавме успешен и мирен гласачки ден со изолирани инциденти. Гласањето беше фер и демократско, а уредите за отпечаток од прст работеа беспрекорно, освен неколку случаи каде што имаше проблеми, коишто беа надминати, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски по затворањето на гласачките места.
„Денот помина успешно“, заклучи Даштевски.
Прва прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по затворањето на гласачките места