Затворени избирачките места, излезноста скоро 49 отсто
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат во вториот круг од локалните избори. По затворањето ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Според податоците на ДИК, излезноста до 18:30 часот е 48,62 отсто, односно на гласање излегле 637.800 гласачи.
Прес-конференција на ДИК за излезноста до 18:30 часот
Излезноста до 17 часот – 42, 37 отсто
Излезноста во вториот круг од локалните избори до 17 часот во 44 општини и Градот Скопје е 42,37 отсто, што е малку повисока од првиот круг на гласањето во истиот период, кога беше скоро 41 отсто. Во првиот круг се гласаше во 80 општини и Град Скопје.
Најголема излезност до 17 часот има во Вевчани, каде што на гласање излегле 75,6 отсто од запишаните избирачи, а најмала во скопската Општина Сарај, каде што гласале 22 отсто од гласачите. Во Сарај беше избран градоначалник во првиот круг, а сега се гласа само за градоначалник на Град Скопје.
Прес-конференција на ДИК за излезноста до 17 часот