Достапни линкови

Скопје, Локални избори 2021
Скопје, Локални избори 2021

БЛОГ: ВМРО-ДПМНЕ победи - Заев поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на локалните избори, а премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев поднесе оставка на двете функции. На вториот круг од локалните избори кој се одржа во 44 општини, во поголемиот дел од општините победи опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

  • ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е победник на локалните избори, со освоени најмногу градоначалнички места.
  • Во Скопје победи независната кандидатка Данела Арсовска, подржана од ВМРО-ДПМНЕ
  • Зоран Заев го призна поразот и си поднесе оставка и од премиерската функција и од лидерската во СДСМ
  • ДУИ загуби во Тетово и Гостивар, но победи во Кичево и во Чаир
  • ДИК гласањето во вториот круг од локалните избори го оцени како фер и демократски и без поголеми проблеми.
17:30 31.10.2021

Најголема излезност до 15 часот во Вевчани, најмала во Сарај

Најголема излезност во вториот круг од локалните избори до 15 часот има во Општина Вевчани, каде што на гласање излегле 66,54 отсто од запишаните избирачи.

Најмала излезност на гласачите од 15,85 отсто има во Општина Сарај, каде што градоначалник беше избран во првиот круг, а сега се гласа само за градоначалник на Град Скопје.

17:10 31.10.2021

Обвинителство - Пријави за поткуп, притисоци врз гласачи, сликано гласачко ливче

Јавно Обвинителство Скопје
Јавно Обвинителство Скопје

Јавното обвинителство соопшти дека до 15 часот добиле помал број известувања за евентуални изборни нерегуларности.

Во Шуто Оризари бил пријавен поткуп, во Кочани притисоци врз гласачи, во Кичево на едно место сликале гласачко ливче, а на друго го скинале.

16:36 31.10.2021

МВР - Приведен гласач кој скинал ливче

Илустрација
Илустрација

Полицијата досега привела еден граѓанин поради нарушување на изборен процес. Приведениот 64-годишен кичевчанец рано утрово по искористување на правото за глас, се пожалил дека заокружил погрешен број и барал ново гласачко ливче. Откако му било укажано дека тоа е недозволиво, започнал агресивно да се однесува и го искинал гласачкото ливче по што бил и приведен.

15:52 31.10.2021

До 15 часот гласале околу 34 отсто

Александар Даштевски, претседател на ДИК
Александар Даштевски, претседател на ДИК

Гласањето се одвива мирно и без посериозни проблеми. Апаратите за отпечатоци од прст функционираат. Ова на прес конференцијата во 15 часот и 30 минути го соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG