Портпаролот на МВР Тони Ангеловски изјави дека досега изборите течат мирно без нарушување на јавниот ред и мир.
- Ги повикувам граѓаните и учесниците во овие избори така да продолжиме во текот на целиот ден и да имаме мирни и фер демократки избори. Нарушување на јавниор ред и мир нема, но имаше два настани во врска со кинење на гласачко ливче. Гласач во Кичево изјави дека згрешил при заокружувањето и го скинал ливчето. А имаше уште еден случај во Кичево каде еден гласач го фотографирал своето ливче, и за овие настани ќе се преземат соодветни мерки, изјавил Ангеловски за Сител телевизија.
Ангеловски дополни и дека службите на МВР работат и денеска за да можат граѓаните да си ги подигнат личните карти.
Репортажа од гласачки места во општина Центар
На вториот круг од локалните избори излезеноста до 9 часот е 5,25 насто
Државната изборна комисија на денешната прва прес конференција посочи дека излезеноста до 9 часот изнесува 5,25%, односно гласале 56.700 гласачи.
Највисока излезност има во Општина Ранковце каде излезноста е 15,24 насто. Потоа следува Пехчево со 13,73 проценти. Зелениково со 11,74, Демир Хисар со 10,88, Вевчани 10,51% Конче со 10,14 проценти излезност.