Достапни линкови

Скопје, Локални избори 2021
Скопје, Локални избори 2021

БЛОГ: ВМРО-ДПМНЕ победи - Заев поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на локалните избори, а премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев поднесе оставка на двете функции. На вториот круг од локалните избори кој се одржа во 44 општини, во поголемиот дел од општините победи опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

  • ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е победник на локалните избори, со освоени најмногу градоначалнички места.
  • Во Скопје победи независната кандидатка Данела Арсовска, подржана од ВМРО-ДПМНЕ
  • Зоран Заев го призна поразот и си поднесе оставка и од премиерската функција и од лидерската во СДСМ
  • ДУИ загуби во Тетово и Гостивар, но победи во Кичево и во Чаир
  • ДИК гласањето во вториот круг од локалните избори го оцени како фер и демократски и без поголеми проблеми.
09:21 31.10.2021

За вториот изборен круг акредитирани 1.598 набљудувачи, новинари и преведувачи

За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи. Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251. Од домашните најбројни се од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 и од Здружението ЦИВИЛ, а останатите се од Центар за слобода Скопје, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак-Сонце, од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје, од Национален ромски центар, од Граѓанска превенција „Превенција за време на избори“ и од Здружението Млади европски федералисти – ЏЕФ.​ https://www.slobodnaevropa.mk/a/31537955.html

08:51 31.10.2021
5 поенти ЗА - вториот круг од Локалните Избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

08:49 31.10.2021

XS
SM
MD
LG