Апаратите за земање отпечаток на прст би требало да пристигнат неделава, а претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во нашето редовно неделно интервју вели:
„Презедовме многу мерки за заштита на податоците на граѓаните што ни ги дава МВР и тие се криптирани и никој не може да ги декриптира“.
Блаже Павловиќ потсетува на паѓањето на системот на претходните избори: „Вие на сѐ ќе му најдете крајот. Ќе падне системот пак“, иако Даштевски вели дека системот со овие апарати нема да биде приклучен на интернет, па не може да се хакира.
Бранко Николовски, кој според профилот живее во Германија, коментира: „Во никоја држава народот не дава отпечаток на прст, тоа е строго забрането...“, а Горан Јакимов прашува: „Ви смета отпечатокот сега? Така да продолжи криминалот и понатака...“
Информацијата на РСЕ дека премиерот Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ја примија Мировната награда на Вестфалија за потпишувањето на Преспанскиот договор, ја следат огромен број ваши негативни коментари.
Премиерот Заев изјави дека „сме целосно свесни дека ја ставивме нашата политичка кариера во ризик“, а Игор Икс возвраќа: „Точно знаеш дека политичката кариера ти е во ризик. Ти не го претставуваш мнозинството гласачи. Не гласаше мнозинството за вас“. „Не, за фалсификаторите на ʼпобедитеʻ со тројни лични карти и пустечани гласачи“, се надоврзува Лидија Пренџова со контра реакција. Гоце Бошкоски дебатира со Лидија Пренџова и вели: „Која беда од изроди сте, Македонците од Пустец, кои се 4.500 гласачи со право на глас ви сметаат, но не и Косоварите кои се носат со авиони и автобуси... За лични карти обрати се кај Оли... Ја уништивте, бре, Македонија вие и партиските војници и вашите ви лидери од сите партии. Но, вие во овие три години сте најголема катастрофа и беда“. Одговорот на Лидија Пренџова е следниов: „Додека ги трошат милијардите во Будимпешта, а ние ги враќаме, мислете си дека овие 3 години се беда. А не 11-те стиропорни и бронзени споменици за пљачка во стилот на Атила бич Божји“.
По изјавата на министерот Венко Филипче дека анализата на Министерството за здравство покажува дека смртноста од компликации од короната е драстично поголема кај невакцинираните граѓани, по која следуваат исто така огромен број негативни коментари на неверување и дека тој лаже, и пцовки и лични навреди, Дејан Јакимовски коментирал: „Морав и јас вака, ја претеравте, нека ве читаат овците, ај, со лесно нека ви е мубаетот“, и постирал карикатура на која еден човек, гледајќи ТВ се прашува: ʼШто можам да направам да престанам да живеам со стравʻ и го исклучува телевизорот.