За разлика од другите европски земји, Белорусија не донесе строги мерки за да се ограничи ширењето на коронавирусот. Границите на земјата останаа отворени, фабриките, продавниците и рестораните работат како и обично, а на луѓето им е дозволено да присуствуваат на спортски настани. На 21 април, тим експерти од Светската здравствена организација (СЗО) ги повикаа белоруските власти да воведат мерки за физичко растојание.
Животот во Белорусија среде пандемија на коронавирус

1
Поддржувачите на Комунистичката партија во Минск положија цвеќе пред споменикот на Владимир Ленин, основачот на Советскиот сојуз, за да ја одбележат 150-годишнината од неговото раѓање на 22 април.

2
Некои луѓе носат маски за лице во јавниот превоз во Минск. СЗО соопшти дека бројот на пријавени случаи на коронавирус во Белорусија „расте рапидно“, над 6.000 заразени и повеќе од 50 починати. Но, некои белоруски лекари веруваат дека реалните бројки би можеле да бидат четири до пет пати поголеми.

3
Луѓе во Минск минуваат покрај знак што го прикажува коронавирусот и пораката "Ќе победиме".

4
Жени шетаат во центарот на Минск на 20 април.