За разлика од другите европски земји, Белорусија не донесе строги мерки за да се ограничи ширењето на коронавирусот. Границите на земјата останаа отворени, фабриките, продавниците и рестораните работат како и обично, а на луѓето им е дозволено да присуствуваат на спортски настани. На 21 април, тим експерти од Светската здравствена организација (СЗО) ги повикаа белоруските власти да воведат мерки за физичко растојание.
Животот во Белорусија среде пандемија на коронавирус

5
Белорускиот претседател Алиаксандар Лукашенко и неговиот помлад син Николај, во црква за време на Православниот Велигден на 19 април. Лукашенко глобалните грижи за ковид-19 ги оцени како „масовна психоза“, наведувајќи дека нема потреба од строги мерки за да се забави ширењето на вирусот.

6
Целоноќно Велигденско бдение во Минск, на 19 април.

7
Фудбалски натпревар помеѓу Витебск и Брест Динамо на 18 април. Белорусија е единствената земја во Европа во која сè уште се игра фудбал сред пандемијата, но поголем број на навивачи ги бојкотираат натпреварите, бидејќи страхуваат за нивното здравје.

8
Навивачи без маски за лице ја бодрат домашната екипа Витебск на 18 април.