Достапни линкови

Арамиско гнездо и тротинети за дипломати – вие коментирате


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето

Веста дека вработените во Министерството за надворешни работи ќе користат електрични тротинети за да не ја загадуваат околината и интервјуто со режисерот Владимир Милчин во кое тој вели дека Македонија е „конфедерација на арамиски гнезда“ се најкоментирани теми од нашите читатели.

Интересен пост објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот ФБ профил: дека вработените во Министерството за надворешни работи ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето.

Но, барем кај оние што ја коментирале оваа информација, тоа како да не наишло на позитивни реакции. Адем Алили вели: „Ова значи ќе има нов тендер“, а Бранко Николовски се надоврзува: „Адем Алили, тоа значи како тие пак до пари да дојдат, а за народот никогаш да нема“. Па потоа еден на друг си посакуваат добро здравје и живот.
Ајтен Ислам напишал: „Народот нема пари за лекување покрај тоа што секој месец им се одбива од плата за здравство, а овие лопови купуваат тротинети. Срамота, малку им се колине што ги возат со парите на народот...“ „Овие тротинети се за одење на кафе до блиските кафулиња и до пазарче, нормално, во работно време“, смета Кире Христовски, а Владимир Петков прашува: „а нам кој ни купува превозни средства? Кој сака тротинет нека си купи.“

Милчин - Заев го обезвредни граѓанскиот ангажман
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:42 0:00

Долгогодишниот граѓански активист Владимир Милчин во неделното интервју за РСЕ, покрај другото вели дека „Македонија не е едно арамиско гнездо, туку дека е конфедерација на арамиски гнезда“. Виктор Николов коментира: Бркатиот партизан што не согледа при очи дека наследниците на Побегуљата ќе бидат бетер од него. Само што сега не излегува да протестира против ʼнеговитеʻ пулени што ги донесе на власт.“ Донка Чапова и Драган Колев иронично му пожелуваат добро утро, а Беким Кадриоски со своето мислење: „Точно, и сега ти е жал што не си вгнезден“. Соња Илиевска го обвинува Милчин: „И ти имаш добар удел во оваа состојба во која се наоѓа Македонија. Можеби си се разбудил, но дали не е предоцна за каење?“

Сѐ уште има луѓе кои веруваат дека вакцините против короната имаат чипови, па по информацијата дека во вчерашното деноноќие има нови 24 заразени, најмногу во Скопје и Тетово, го има само следниов коментар од Велимир Атанасоски: „И вакциниве не чинат кога тие што примиле имаат корона, тогаш се лажни, значи се чипови“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG