Две и пол години по руската инвазија на Украина, десеткувани се приходите и ограничен е пристапот до делови и услуги за да функционира руската флота главно произведена во странство. „Аерофлот“, водечкиот руски превозник, се бори да ги задржи пилотите и екипажот и да ги одржува авионите
Додека Израел и Либан се чини дека не сакаат сеопфатна војна, тие продолжуваат да ризикуваат да ја наметнат својата волја врз другата страна. И фактот дека Хезбалах го погоди Израел без да го чека Иран, навестува проблеми во односите на либанската група со Техеран.
Во здравството има недостиг од патолози, па на резултати се чека со месеци, а пациентите се во неизвесност. За болестите на државата, пак, причините се познати, но, како никој да не сака да ги лекува. Њузлетер 23.08.2024
Во трагичен инцидент на реката Дрина, извадени се тела на удавени мигранти кои настрадале откако се превртел нивниот чамец при обид да преминат од Србија во БиХ. Продолжува потрагата по други лица
Жителите на рускиот пограничен град Суџа изгледаа шокирани и дезориентирани од неговото заземање од страна на украинските сили. Украина започна ненадеен прекуграничен напад во Русија на почетокот на август и сега држи дел од руска територија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повеќе затвореници биле заробени при напредувањето на украинските сили во руската област Курск на 19 август, а Москва соопшти дека третиот мост бил оштетен од украинските напади.
Вчитај повеќе