Полни плажи во Шпанија во март. Снежни бури во Велика Британија. Во Македонија расцветана природа, раззеленети паркови и штркови во гнездата. Граѓаните велат дека нема веќе четири годишни времиња. Загрижени се за тоа какви последици ќе донесат климатските промени на идните генерации.
Една година по руската инвазија Украинците во Киев се обидуваат да се прилагодат на животот во воени услови. Конфликтот принуди над 8 милиони луѓе да ја напуштат Украина, а 6 милиони се внатрешно раселени. Украинците во Македонија живеат во мир, ама сонуваат за нормален живот во родната Украина.
Во моментов, на секој трет вид на пчели му се заканува опасност од истребување, а токму тие се од клучно значење за растителното производство.
По најавите за зголемување на старосната граница за пензионирање, Французите излегоа на протести. Во Македонија нема такви најави, но работодавачите апелираат на недостиг од работници. Синдикатите се против поместување на старосната граница нагоре. Од ПИОМ уверуваат дека пензискиот столб е стабилен.
Новата година донесе нова Влада и поскапени струја, парно и храна. Се протестираше против Францускиот предлог, бугарските клубови, протестираа студентите, луѓето болни од ретки болести, превозниците, пак, блокираа. Македонија сепак почна преговори со ЕУ, а СПЦ ја призна МПЦ.
Властите во Полска ја укинаа забраната граѓаните да ги загреваат домовите со јаглен поради војната во Украина. Со тоа се зголеми аерозагадувањето, но и ризикот по здравјето на граѓаните. Во Македонија, нема прецизни податоци за употреба на јаглен во домаќи
Војната во Украина ја наметна потребата од поголемо вооружување и подобра подготовка на воената инфраструктура. Но, НАТО алијансата не е доволно подготвена, велат воените експерти.
И со почетниот удар на Светското првенство сепак ќе остане горливиот вкус дека Катар е еден од нај-контроврзните организатори на големи спортски настани во историјата.
Балканската рута за мигранти кон попросперитетните земји на Европската унија повторно стана активна оваа година бидејќи многу балкански земји ги укинаа ограничувањата за патување воведени за време на пандемијата на коронавирус.
Во Европската унија стануваат погласни барањата за укинување на ветото на земјите членки во надворешната политика. Тоа главно, би се однесувало на приемот на нови членки во Унијата. Дали тоа ќе значи побрз пат за влегување на Северна Македонија во Европската унија?
Војната во Украина предизвикана од неиспровоцираната руска инвазија врз нејзиниот сосед, освен што донесе растечко страхување од прелевање на конфликтот, почна да го менува секојдневието на граѓаните, главно поради повисоките цени на храната и горивата.
Во ова издание на Темата на неделата говориме за рециклирањето на отпадот, особено оној пластичниот и колку тоа претставува опасност за животната средина.
Вчитај повеќе