Војната во Украина ја зголеми употребата на јаглен
Властите во Полска ја укинаа забраната граѓаните да ги загреваат домовите со јаглен поради војната во Украина. Со тоа се зголеми аерозагадувањето, но и ризикот по здравјето на граѓаните. Во Македонија, нема прецизни податоци за употреба на јаглен во домаќинствата. Загадувањето од јагленот повеќе доаѓа од енергетскиот сектор.