Подршката меѓу македонските граѓани за членство во НАТО е на константно високо ниво. Меѓутоа, иако таа подршка во одредени периоди делумно опаѓаше поради поврзаноста со проблемот со името и денес, според истражувањата, таа е околу 70 проценти. Што се очекува од идното членство во НАТО?
Појавата на новиот коронавирус го преврте светот наопаку. Некои велат дека станува збор само за нов вид грип и оти затоа не треба да се преувеличува.
Во Македонија постои загрижувачко насилство меѓу младите, но постојат и позитивни примери, односно групи за врсничка медијација и за решавање на конфликти меѓу младите.
Лидерите на Европската Унија, на самитот, посветен на долгорочниот буџет, не постигнаа никаков договор. Овој пат, дополнителен проблем е буџетската дупка од 75 милијарди евра, предизвикана од Брегзитот, како и новите поделби меѓу посиромашните и побогатите членки на Унијата.
Во ова издание на „Темата на неделата“ ќе се осврнеме врз тоа дали во Европската унија конечно ќе дојде до консензус за почеток на преговорите за влез на Северна Македонија и Албанија во Унијата. Сигналите засега се позитивни.
Во „Темата на неделата“ се осврнуваме врз смената или поточно постојаноста на власта во Русија. Владејачката партија во јануари едногласно го поддржа ненадејниот избор на претседателот Владимир Путин нов премиер да биде Михаил Мишустин, човек со скоро никаков политички профил. Зошто?
Во „Темата на неделата“ овојпат за тоа дали може да има подобрување на снабдувањето со лекови во земјава со оглед на тоа што некои од лековите се или прескапи или пак, ги нема. „Ние сме мало државиче, не треба да се штеди толку на здравството“, порачува една скопјанка.
Коронавирусот и опасноста од глобална епидемија. Како да се спечи ширењето и има ли начини за превенција? Во Македонија започнаа да се применуваат некои превентивни мерки, како на пример контрола со термо камери на патниците кои пристигнуваат на скопскиот аеродром.
Британија официјално ќе ја напушти Европската унија на 31 јануари по што двете страни ќе преминат во период на транзиција што е предвиден да заврши на 31 декември 2020 година. Што следува потоа?
Новинарите на Фајненшал тајмс деновиве ги споделија нивните предвидувања за она што би можело да се случува на светската политичка и финансиска сфера во 2020 година.
Една од главните арени на кои се води политичката битка денес, се социјалните мрежи. Партиите во Македонија се свесни за тоа, па се почесто водат кампања и преку фејсбук, твитер, јутјуб.
Лажни вести, полувистини или извртување на фактите, се лиферуваат од различни мотиви. Од најбанални, за „кликови“, до обиди за политичко влијание, па и дестабилизација на општествата. (Ја реобјавуваме ТВ темата првично објавена на 20 септември годинава)
Вчитај повеќе