Од една страна, скапи лекови и уште поскапи лекарски услуги, а од друга, нема лекови на рецепт и долги чекања за на лекар. Како меѓу приватното и јавното здравство?
Навистина се проблем. Гладни се и бесни, а со тоа и опасни. Зборуваме за кучињата скитници. Но, дали овој проблем е нерешлив како што изгледа кај нас или сепак постојат некои решенија.
Оган кој брзо се шири, тешко се гаси. Затоа, како што велат, најдобро е да се превенира. Во „Темата на неделата“ зборуваме за говорот на омраза за време на изборните кампањи.
Во Македонија веќе има околу илјада заболени од мали сипаници и неделава беше прогласена епидемија. Сега се тргнува со апели и кампања за вакцинирање.
Стилот на живеење, исханата, работата; се клучни елементи за животниот век на луѓето. Најновите истражувања покажаа дека мажите, за разлика од жените помалку се грижат за својата здравствена состојба
Седумте децении на НАТО го оправдаа постоењето на овој воено политички сојуз. Според оценките, Алијансата придонесе за помирен и побезбеден свет. Токму тоа дава надеж и за натамошен нејзин развој. Во „Темата на неделата“ говориме за НАТО, но и за Македонија во овој сојуз.
Германија е рекордер. Две третини од отпадот во таа земја се рециклира, а слично е и во други развиени држави. Европската Унија постави цел, до 2025-та година, 55 отсто од отпадот треба да се рециклира. Македонската практика засега е катастрофална, се рециклира само 8% од отпадот.
Судбината на Специјалното јавно обвинителство деновиве е во рацете на политичарите. Впрочем со нивна согласност е и формирано пред три ипол години. Што може да се очекува?
5-Џи технологијата, која се смета за револуционерен исчекор во преносот на податоци, веќе стана реалност. Во некои држави почнува да се инсталира инфраструктурата, а паралелено се отвораат и прашања за можните манипулации. Дали Македонија навреме ќе го фати чекорот со развиениот свет.
Северна Македонија е пред претседателски избори. Големите партии и коалиции излегоа со нивните кандидати меѓу кои и ќе се води главната битка. Што е тоа што ќе ги привлече луѓето да гласаат?
Се чини дека деновите на така-наречената Исламска држава се при крај, но што со екстремистите кои биле таму а се враќаат во земјите во Европа, меѓу кои и во Македонија?
Вчитај повеќе