По неколкугодишното затишје мигрантите повторно почнаа да вршат притисок врз границите на земјите од Балканот. Тоа го прават на разни начини и низ повеќе рути. Една од нив останува и онаа низ Македонија.
Не се толку штетни како обичните цигари и помагаат за откажување од пушење. Тоа се најчестите заблуди во врска со пушењето електронски цигари. Најновите сознанија покажуваат дека некои од нив се токсични и многу опасни по здравјето. Затоа и некој земји почнаа да ги забрануваат.
Во ова издание на „Темата на неделата“ говориме за еден многу профитабилен бизнис кој, како што велат, има блескава иднина. Деновиве македонските обиди да се земе дел од големиот колач ја разбрануваа јавноста.
Лажни вести, полувистини или извртување на фактите, се лиферуваат од различни мотиви. Од најбанални, за „кликови“, до обиди за политичко влијание, па и дестабилизација на општествата.
Во ова изадние на „Темата на неделата“ говориме за тоа дека е можно, се разбира ако се сака, да се постигне многу во зачувувањето на културното и природното наследство во светот. Дали тоа може да му се случи и на Охрид?
Многу луѓе гладуваат, а на глобално ниво, една третина од храната се фрла. Македонија е на врвот на листата според фрлање храна, во услови кога илјадници граѓани не можат да обезбедат три оброци во денот.
Многу земји во Европа мака мачат како да ги задржат младите дома. Затоа тие бараат начини за справување со оваа појава. Какви мерки презема македонската влада?
Замислете земја без бирократија и со, како што велат некои, „невидлива влада“. Можно ли е тоа и во Македонија?
Природата, онаква каква што ја знаеме, брзо и неповратно исчезнува. Главен виновник - човекот. Дали тој и може да ја спаси?
50 отсто од младите во Македонија се неписмени или полуписмени, покажа едно истражување. Поразителен податок, на кој и не му се обрна поголемо внимание.
Германија е рекордер. Две третини од отпадот во таа земја се рециклира, а слично е и во други развиени држави. Европската Унија постави цел, до 2025-та година, 55 отсто од отпадот треба да се рециклира. Македонската практика засега е катастрофална, се рециклира само 8% од отпадот.
Европска унија како нешто далечно и странско или Европска унија како нешто тукашно и домашно. Во ова издание на „Темата на неделата“ зборуваме за тоа дали и како може Европа да е тука, кај нас.
Вчитај повеќе