Прекумерната тежина и последиците од оваа појава, присутна во многу земји во светот. Нездрава храна и малку движење, а потоа и нарушено здравје. Зошто се поголем број граѓани на Македонија имаат проблем со вишок килограми?
На 25-ти мај, стапија во сила новите правила за заштита на личните податоци во рамките на Европската Унија. Што тоа значи и со какви се последици се соочуваат компаниите, но и обичните луѓе деновиве? Што се прави во Македонија на овој план?
Може ли со финансиско казнување да се подобри демократијата во некоја земја? Според Европската комисија тоа е можно. Други пак велат дека така ќе страдаат само сиромашните членки на ЕУ.
Правата на жените наспроти правата на зачнатите деца, слобода на избор или дозвола за убивање? Вака, од крајност во крајност главно се движат дебатите во врска со законските регулативи за прекин на бременоста. Како е во Македонија?
Во земјите на Балканот загрижува појавата на илегално складирање опасен индустриски отпад на диви депонии. Тоа, според експертите, претставува играње со здравјето на многу генерации.
Какви се законските прописи во ЕУ, а какви во Македонија, за заштита на укажувачите или така-наречените свиркачи од репресии. Без нив, многу од крупните актуелни афери, можеби уште долго време ќе беа тајна.
Најавените реформи на високото образование во некои европски земји ги инцира студентите да излезат на улиците и да протестираат. Најизразени беа во Франција и во Унгарија. Што мислат студентите во Македонија за нивното образование?
Како да се намали загадувањето, особено во големите градови? Еден од факторите е сообраќајот и јавниот превоз. Дали електричните возила се иднината? Што прават развиените земји за почиста животна средина во големите градови, а што се превзема или планира во Македонија.
Каква ќе биде американската надворешна политика со смената на првиот човек на Стејт депртментот. Наместо поранешен бизнисмен, главен американски дипломат станува човек кој има многу добри инсајдерски познавања.
Младите се свесни за злоупотребата на нивните податоци преку социјалните мрежи, но, велат дека тешко може да се замисли животот без нив. Не ги колеба ни скандалот со Фејсбук и Кембриџ Аналитика, кој отвори и многу други сериозни прашања.
Според истражувањето, објавено деновиве од мрежата агенции на Обединетите нации за одржлив развој, Финците се најсреќни во светот. Во извештајот се рангирани 156 земји, а Македонија е на 89-тото место. Зошто Македонците не се баш среќни?
Во ова издание на „Темата на неделата“ говориме за правото на граѓаните да бидат точно и навремено информирани. Па дали за тоа тие треба и да плаќаат од нивниот џеб?
Вчитај повеќе